Битолскиот професор Трајковски објасни колку луѓе се спасени со имунизацијата

0

Професорот Дејан Трајковски со денешната анализа, објасни колку помогнала имунизацијата за намалување на бројот на поч инати, но и што во случај да бевме сите имунизирани:




„15.10.2021. Во неделата од 08.10 до 14.10.2021, сосема очекувано, продолжи да расте учеството на вакцинираните кај новодијагностицираните (портокаловата линија на првиот дијаграм), како што расте опфатот со вакцинација кај населението (портокаловата линија на вториот дијаграм).

Кај смp тните случаи има поголема варијабилност, но исто така трендот е генерално нагорен.




Инциденците на заразување кај вакцинираните и невакцинираните оваа недела изнесуваа 180, односно 234 новодијагностицирани на милион луѓе дневно, што дава ефективност против заразување од 23% (портокаловата линија на третиот дијаграм).

Падот на ефективноста најверојатно е експоненцијален, односно намалувањето е сé побавно со текот на времето.




Инциденците на смp тн-ите исходи кај вакцинираните и невакцинираните, постари од 60 години, изнесуваа 17 и 139 починати на милион дневно, што неделава дава ефективност против смp тен исход кај постарите од приближно 88%.




Во сите пресметки е сметано дека вкупното население изнесува 1,8 милиони жители. На вториот дијаграм опфатот со вакцинација кај постарите од 18 години (за пресметка на ефективноста против заразување) е од пред 14 дена, а кај постарите од 60 години (за пресметка на ефективноста против смртен исход ) од пред 24 дена.




Ова е направено за да се доведат во корелација последните заразени и поч инати со тогаш вакцинираните.

Од почетокот на Делта сојот до денес во земјава поч инале 1.396 лица. Доколку никој не бил вакциниран би починале околу 2.980, а доколку сите биле вакцинирани со постоечкиот микс од вакцини би починале околу 337 лица.




Во Македонија вакцините го намалиле леталитетот за околу 8 пати, а морталитетот за околу 2,1 пати (второто поради слабиот опфат со вакцинација, ако биле сите вакцинирани морталитетот би бил намален за 8 пати ).




Ова важи за Делта сојот. Слушаме од светот дека вакцините го намалувале леталитетот за 20 пати, но така било пред доаѓањето на Делта сојот, како и со поефикасни вакцини. Исто така, некои земји веројатно даваат и лажни податоци.




Во секој случај, нашите броеви изгледаат реално, барем со овие вакцини и Делта сојот на вирусот.

Инаку неделава бројот на целосно вакцинирани возрасни (748.563) речиси се изедначил со бројот на невакцинирани (751.437), како то се гледа на четвртиот дијаграм.




Иако бројот на вакцинирани точно се знае, бројот на невакцинирани, во услови на непрецизен и политизиран попис на населението, можеме само да го процениме од бројот на вкупно и возрасно население (претпоставено е 1,5 милион возрасни од 1,8 милион вкупно население).“




Претходна статијаНада Топчагиќ искрено: Еден цент не му зедов на Златан Ибрахимовиќ – од мене му ја пеев “ЈУТРО ЈЕ” како подарок за роденден
Следна статијаД-р Нико Беќаровски: Кога требаше да одат на одмор летово, на родителите не им беше проблем да ги тестираат децата