Д-р Нико Беќаровски: Кога требаше да одат на одмор летово, на родителите не им беше проблем да ги тестираат децата

0

Мноштво реакции во јавноста по одлуката да се прави скрининг на децата во училиштата, секако, со дозвола од родителите.




Во 364 основни и 109 средни училишта наредната недела ќе биде направен скринингот со брзи тестови за ковид 19 на 8178 ученици. Од Министерството за здравство информираат дека почнале со собирањето на согласности од родителите а децата ќе ги бираат по случаен избор од електронските дневници.




Најмногу тестирања или 766 ученици ќе бидат од скопските училишта, 546 од Тетово, 489 од Куманово, 378 од Битоал, 309 од Прилеп и 296 од Гостивар.

Надлежните апелираат до родителите и старателите да дозволат да биде спроведено превентивното тестирање за да имаат релевантни податоци за трансмисијата на вирусот во образовните установи како и лоцирање на асимптоматски случаи.




Завчера со апел за непречено одвивање на овој процес, се огласи и Министерот за здравство, Венко Филипче:

„Во текот на следната недела ќе започнат активностите за превентивни тестирања во рамки на 80 општини и во Скопје.




Вкупно 364 основни и 109 средни училишта и 8.178 ученици ширум државата ќе бидат опфатени во предвидениот скрининг. Според предвидената агенда, најмногу тестирања ќе бидат спроведени во општините Тетово – 546, Куманово – 489, Битола – 378, Прилеп – 309 и Гостивар – 296, а во училиштата низ општините во Скопје.




Cкринингот ќе опфати 766 ученици. Тестирањата ќе ги спроведуваат здравствени работници, во просторија одредена од страна на училиштето. Тестирањето трае помалку од една минута и е безболно и безбедно, како секое земање брис од грло или носна шуплина.




Важно е родителите безрезервно да го поддржат овој процес со давање на потребната согласност, со што ќе дозволат да се добијат релевантни податоци за трансмисијата на Ковид-19 низ училиштата и евентуално постоење на асимптоматски случаи кај учениците и средношколците.“




Денес, на својот профил на социјалните мрежи, популарниот професор д-р Нико Беќаровски, укажа на двојни стандарди од родителите кои реагираат на тестирањата на нивните деца во училиштата:




„Повеќе од 100.000 тестови за Sars-Cov-2 се направени на малолетници во Македонија за да патуваат во странство, а нивните родители за тоа платиле околу 2 милиони евра.

Истите тие родители, сега не дозволуваат бесплатно нивни деца да бидат тестирани, за да имаат побезбедни училишни денови.“




Претходна статијаБитолскиот професор Трајковски објасни колку луѓе се спасени со имунизацијата
Следна статијаЛила Стојановска отворено на Фејс: И ќе ме прашате сега колку години имам ?!