Претседателот на ГДУ, Петар Колев, кој вчера се сретна со бугарскиот претседател Румен Радев и министерот за надворешни работи Светлан Стоев.
По повод оваа средба, Претсдеателот на Бугарија Радев, на социјалните мрежи, напиша:
„Нашата средба со раководството на Граѓанскиот демократски сојуз на Република Северна Македонија е позитивен чекор во развојот на односите меѓу нашите две земји. Желбата на една од по новите политички сили кај нашиот југозападен сосед за активен, отворен и ефективен дијалог во односите со Бугарија е од заеднички интерес за граѓаните на двете земји.
Многу го ценам придонесот на претседателот Стево Пендаровски и премиерот Зоран Заев за враќање на дијалогот на највисоко ниво. Сепак, време е овие први чекори да ги стимулираат и институциите и политичките партии во Република Северна Македонија да се посветат на остварување на огромниот потенцијал во билатералните односи, наместо на акумулирање на нови проблеми.
Директниот дијалог на сите нивоа помеѓу Бугарија и РСМ е исклучително важен за решавање на отворените прашања меѓу нашите земји и нема алтернатива во аспирацијата на РСМ да постигне полноправно членство во ЕУ.
Исполнувањето на критериумите во Копенхаген е предуслов за РСМ да започне преговори за членство во ЕУ и убеден сум дека само со заеднички напори можеме да го постигнеме тоа.
Бидејќи Бугарија е најзаинтересирана земја за забрзување на процесот на европска интеграција за РСМ и очекуваме вистински резултати во градењето добрососедски односи што е можно побрзо.
Очекуваме стабилен и неповратен прекин на дискриминацијата кон Бугарите во Република Северна Македонија, очекуваме напуштање на говорот на ом -раза во учебниците по историја, во натписите на историските споменици, во музеите, во јавните медиуми.
Престанокот на дис крим инацијата и почитувањето на правата на Бугарите на територијата на нашиот југозападен сосед ќе биде важен знак за европската зрелост на Република Северна Македонија.
Повеќе од 120.000 наши сонародници во РСМ имаат бугарски пасош и тие инсистираат институциите во Бугарија да бидат многу поактивно вклучени во решавањето на нивните проблеми, очекувајќи многу поактивно и подинамично партнерство меѓу нашите земји.
Верувам дека нашата денешна средба е важен чекор во нашата меѓусебна отвореност и во потрагата по изводливи решенија во име на нашата заедничка европска иднина“, напиша Румен Радев на социјалните мрежи.
По средбата, изјава за БГНЕС даде и Петар Колев. Тој вели дека Бугарите во земјава не постојат на законодавно ниво. Колев не се согласува со премиерот Зоран Заев.
„Нивните права не се почитуваат и покрај тврдењата на официјалната власт и лично на премиерот Заев. Бугарите во РС Македонија треба да имаат исти права како сите останати граѓани на РС Македонија“, изјави тој.
Наспроти тоа, кога би говорел од персонално гледиште, Колев рече дека тој е жив, здрав Бугарин кој живее во Штип. Колев вели дека Радев е прв кој сакал да чуе како живеат Бугарите во Македонија.
Тврди дека има ом раза кон Бугарите во Македонија и кон оние Бугари од Бугарија.
Видеото од изјавата на Петар Колев, можете да ја видите ТУКА