Познатиот стилист и ТВ-водител, Сергеј Варошлија кој со своите емисии и коментарите кои што ги даваше во неговите емисии привлекуваше многу внимание, го снема од јавноста.
Откако Боки 13 заврши зад ре шетки, неговиот добар пријател но и моден ангел чувар, Сергеј Варошлија како да се повлече од јавниот живот. Знаеше само повремено да се огласи со по некој статус на своите профили на социјалните мрежи.
Емисијата на „модниот гуру“ му заврши пред случајот „Рекет“ и да почне, па уште оттогаш не го гледаме на ТВ екраните. Потоа, видовме дека дружбата со Боки 13 тече по постираните фотографии и видеа од разни локации, најчесто од Грција и грчките плажи.
Варошлија стекна огромна популарност во Македонија. Едни сметаат дека е интересен и му делат позитивни коментари и комплименти, додека други го критикуваат, а мал дел од тие кои ги објавуваше тврдеа дека се подготвени и да го ту жат.
Ова е изгледа за никаде, немојте да се фотографирате боси! – само што не му пу кна душата на Сергеј.
Варошлилја минатата година преку својот Фејсбук профил, со емотивен статус се огласи за својот добар пријател Боки 13.
“Поминаа 4, уште малку 5 месеци како слушам и читам га дости и полувистини и ом раза… Убавата страна никој не ја гледа … Скоро и да се заборави дека тој, Бојан Јовановски- Боки 13, Боки тредичи.. и со какви се уште надимаци го нарекувате, нав редувате, по тој кој што од вашата уста се сее само ом раза со најпогрдни зборови.
Истиот тој беше невиден визионер, со невиден сенс за медиуми, истиот тој ја направи 1ТВ најгледаната телевизија за само една година, заради тоа што знаеше што народот сака да гледа и истото тоа да го понуди во една различна и иновативна тв форма.
Од студио до сценографија, собирајки ги сите звучни имиња во секоја област како соработници , а да не зборам дека СИТЕ беа и сакаа да се гости во истата таа телевизија ! Никој не зборува дека 1ТВ понуди различна тв форма, уникатна, што постави нови стандарди во медиумите!
Стандарди што тешко кој медиум ќе ги достигне, а камо ли надмине ! Бојан имаше идеја … а идеите се отпорни на се! Идеите го менуваат светот!
За жал од 1ТВ остана само неговата визија, тага, и 100 луѓе без работа … нормално и за тоа на никого да не му е галје … побитни се негативните коментари отколку позитивната страна нели…
А за мене … тука сум не се секирајте.. ке се вратам наскоро со нови високи критериуми и во полн сјај!
П.с многу луѓе – малку луѓе “, напиша Сергеј на својот профил на социјалните мрежи.
И навистина се врати. Од неодамна, неговата емисија почна да тече на Jungle TV. Во првата епизода, меѓу другите, тој ја анализираше српската фолк ѕвезда Ражнатовиќ Цеца. Па погледнете како тоа изгледаше: