Вчера во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија, пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев изрази сомнеж околу чесните намери на СДСМ, околу декларацијата која ја предложи ВМРО-ДПМНЕ, а ја подржа и неговата партија Левица:
„Нашата декларација, ако се смилува на монархот Талат Џафери да ја стави на дневен ред, можеби некогаш ќе дојде на ред и тогаш се надеваме на поддршка од пратениците на СДСМ“, изјави лидерот на Левица, Димитар Апасиев за емисијата „Само вистина“, зборувајќи за Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ за црвените линии во преговорите со Бугаријам, додавајќи дека ќе ја поддржат.
Според него, во нивната 9-та точка од нивната декларација, предвиделе се и затоа ја нарекуваат Македонска национална платформа.
„Црвените линии според нас се унитарноста на Македонија, секуларноста, територијалниот интегритет, идентитетот и државните симболи. Тие се НЗС, зад кои треба да застане секоја македонска партија и мора да стави потписот“, рече Апасиев, додавајќи дека мора да ги напуштиме преговорите со Бугарија.
„Мора да се зачува достоинството на народот. Ние ќе бидеме Турција 2, која триесетина години преговара со ЕУ“, истакна пратеникот.
Треба да ги продолжиме преговорите со ЕУ, но мора да ги напуштиме преговорите со Бугарија, рече лидерот на Левица Димитар Апасиев. Според него, во преговорите на маса се идентитетските одредници и затоа, смета тој, потребна е резолуција за црвените линии. Тој останува на ставот дека мора да се поништи Преспанскиот договор.
-Мора да се зачува достоинството на народот. Ние ќе бидеме новата Турција, која триесетина години преговара со ЕУ. Светот е мултиполарен и има алтернативи. Кина за една деценија ќе стане најсилна економија… – рече Апасиев на Канал 5, при што како можни алтернативи ги спомена БРИКС, Евроазиска унија, Движењето на неврзаните…
Димитар Апасиев на крајот на емисијата проговори и за претстојните локални избори. Тој во овој дел обзнани дека тие како партија имале понуди од многу поединци членови на други партии, кои се нуделе да преминат кај нив со цели општински комитети:
-Имаме многу такви понуди, но ние не сакаме луѓе со опашки и багаж позади себе. Не, не, не, ние таквите ги одбиваме, рече Димитар Апасиев.
Денес, професорката Катерина Колозова, која во минатото често доаѓаше во конфликт со ставовите на Апасиев и партијата Левица, со поинаков став за последните настапи на лидерот на оваа партија.
Таа во статус на својот профил на социјалните мрежи, напиша:
„Апасиев не мора да е платен од никого за да мисли поинаку од големите партии за спорот со Бугарија. Напротив, покажува дека не е ничиј инструмент- токму на оваа клучна точка се гледа тоа.
Полемизирав со него за Преспа, и убедена сум дека со тој договор повеќе добивме од што изгубивме, но не може да негираме дека беше тешка кнедла за голтање. Таа критика на Преспа не ги прави Левица националисти.
Има повеќе Албанци, Турци на раководни функции од која било друга партија а не се фали со тоа ко со нешто посебно. Единствено ми пречи нивниот анти-ЕУ проруски став, ама, пак, такви беа и Сириза пред да дојдат на власт.
Не е ова endorsement, како некој кој работи полиси студии, останувам дистанцирана, а Апасиев многу пати го плукал и институтот и мене, но сакам да кажам дека не е такво страшило ко што ја претставувате Левица, а и не е уверливо ни ова со “конзулот” за да се девалвира неговата дистанца по повод резолуцијата, која јас ја поздравувам.