Атиџе ЗАПЕА – слушнете колку добро го прави тоа во спотот кој го снимија со Турунџиева (ВИДЕО)

0

Сузана Турунџиева и Атиџе Муратова, хероината на документарниот филм „Медена земја“ многу се зближија, и јавноста е запознаена со секојднените обиди на Сузана да ѝ помогне на својата нова пријателка за која рече дека се чувствува какод да ја знае цел живот.




Сузана Турунџиева ѝ ги исполнува сите желби на медената Атиџе Муратова, а неодамна беа и заедно на иминизација, а Атиџе изјави дека не ја болело воопшто. Сузана помогна да се изгради куќата на Атиџе во селото Дорфулија.




– Градежните работи во куќата на Атиџе дојдоа во финална фаза. Огромна благодарност до сите добри луѓе кои на иницијатива на Maria Duda и нејзиниот сопруг станаа дел од големата донаторска мисија на која спонтано се приклучивме многу луѓе (од целиот свет).




Со една единствена цел – да ѝ овозможиме достоинствен живот на Атиџе и да ја направиме среќна. Хуманите луѓе со големи срца, многу често остануваат анонимни.

Затоа морам да напоменам дека сите градежни работи кои за рекордно време се направија во куќата на Атиџе во Дорфулија“, објави Сузе пред да се изгради куќата на Атиџе која сега е веќе готова, и Атиџе ужива во неа.




Потоа, Сузе се обиде е на Атиџе да ѝ обезбеди пензија со која ќе може пристојно да живее, но и да ја вклучи во Синдикатот на Земјоделците. Но, не само тоа. Таа и Атиџе снимија песна која ја раскажува нивната заедничка судбина. За ова, Турунџиева зборуваше со Женски магазин.

– Ние навистина имавме чувство како да се знаеме цел живот, иако мене Атиџе никогаш претходно не ме видела. Во Беќирлија нема струја, ниту електричен апарат, освен едно мало радио.




Но, за мене таа слушна подоцна од луѓето во Дорфулија, кои биле воодушевени од мојот гест, дека сепак и покрај сите околности и неможност лесно да стигнеш до Беќирлија, покрај сите пречки сум успеала да стигнам до кај неа заедно со малолетно дете со ранецот на грб.




Од денот кога се запознавме, силно се гушнавме, запеавме и не престанавме да комуницираме. Ништо не си ветивме, ама нема ден да не се слушнеме и да не разговараме за секоја нејзина желба, потреба или немир кој таа и брат ѝ го имаа“, рече таа.




Песната ја напишаа следниве автори: Роберто Поп Димитров музиката а Огнен Неделковски текстот. Песната вчера е промовирана, а ова Суза и Атиџе го опејаа во неа.

-Моја Атиџе, душо медена, мислам живот цел, јас те познавам. Иста судбина, ние делиме, се за луѓето, ние правиме“, ја почнува Сузана приказната во песната.




– Има бранови, има планина, човек сонува за убавина. Што е наше знај, ќе ни пристигне, нова светлина доаѓа, да ни помогне“, ѝ одговара Атиџе.

-Многу прошетав, но не научив, зошто плаќаме туѓи гревови. Зошто животот, едно казнува, а пак другите ги наградува?“, се прашува Сузана.

-Тешки прашања, моја Сузана, не би знаела, да одговорам“, ѝ одговара Атиџе. Потоа вели: Душа отвори и насмевни се, сите вистини големи се во песните.“




Во спотот, се појавуваат нивни интересни фотографии од дружбата последниве месеци. Сузана и Атице она што го најавија пред од прилика еден месец, конечно го реализираа.

Снимањето на новата песна и спот во која се споменуваат нивните родни места завршија, а спотот е промовиран.




Текстот и музиката се дело на самата Турунџиева, додека за аранжманот се погрижи Роберто Поп Димитров.

Погледнете го видеозаписот:

 

Претходна статијаКолозова: Апасиев не е толкаво страшило како што ја претставувате Левица
Следна статијаАлбанците секогаш ОБЕДИНЕТИ кога се работи за нивни интерес