Министерството за внатрешни работи од денес стартува со издавање на пасоши со новото уставно име.
Во тек е и постапката за издавање на личните карти со Република С Македонија, но кога ќе стартува овој процес ќе зависи од пратениците.
Министерството за внатрешни работи не очекува поголеми застои и гужви и покрај тоа што во овој период ќе треба да издадат нови документи на речиси два милиони граѓани..
Додека Македонија постепено ги имплементира обврските превземени со преспанскиот договор, Грција се уште ги нема променето патоказите на кои пишува ФИРОМ..
Атина пред 10-тина дена се закани и дека нема да ги ратификува трите меморандуми за соработка и поддршка на европската интгарција на земјава, поради статусот на премиерот Заев за поддршка на македонската фудбалска репрезентација.
Согласно законот за имплементација на договорот сите граѓани до февруари 2024 година ќе треба да ги променат сите лични документи без разлика на нивниот рок на важење.
Од МВР велат дека промената на личните карти, пасошите и возачките дозволи ќе биде на трошок на граѓаните.
Премиерот Зоран Заев минатата недела во интервју за ТВ21 истакна дека во понеделник, на 5 јули, ќе започне издавањето на новите пасоши со името „Република Cеверна Македонија“.
– Јас ќе бидам првиот, во понеделник сабајле што ќе аплицирам, ќе го земам првиот пасош. Тоа се подготвени документи, министерот за внатрешни работи ми ги презентираше во вторникот на Владата и буквално, од петок ќе почне реализацијата.
Еве уште едно ново исполнување од наша страна на Преспанскиот договор – истакна македонскиот премиер Зоран Заев.
Останува непознато како македонците во дијаспората ќе ги менуваат личните документи. Најверојатно конзуларните претставништва во идниот период ќе ги разјаснат овие дилеми.
Нашинците изминатите годинаипол, од почетокот на пандемијата се соочуваа со голем проблем, не можеа да ги продолжат истечените документи.
Но, државата минатиот месец донесе одлука за продолжување на важноста на патните исправи, со што гастајбајтерите добија можност да се вратат во земјата.