Тамара: Пресреќна сум што конечно можам да речам ДОЈДЕТЕ (ФОТО)

0

Нашата позната пејачка Тамара Тодевска почна да пее од многу мала, а сега веќе е изградена музичка ѕвезда, европски позната откако запеа на Евровизија, мајка на Хана и на Дарен, сопруга на Мачка.

Тамара даде едно искрено интервју за НМД.мк и таму меѓудругото го изјави следново:

Не, далеку од тоа дека се плашам од староста, бидејќи од тоа не може да побегне ниту едно живо суштество. Предност во староста може да биде огромното искуство, без разлика за кое поле станува збор!

Но, чув дека во 2035, медицината ќе напредне до таму што, на пример ќе имаш 70 години, а ќе изгледаш како да имаш 55.“ Таа зборуваше и за убавината на жената која доаѓа одвантре, но и за нејзината фамилија:

За да се чувствуваш убаво однадвор треба да си среќен одвнатре, со себе! Задоволен со она што го поседуваш, и секако да ги искористиш и надоградуваш сите свои квалитети! Прочитајте ја “Моќта на потсвеста“ и ќе знаете за што зборувам..

Не би се откажала ама баш од ништо, па и самите знаете дека нашите дедовци, баби, имале не по едно туку по 5, 6 деца, па ете некако на крајот ги истерувале на прав пат!

За да создадеш фамилија е голема жртва, се откажувате од се, но на крајот вреди!

На прашањето дали се чувствува како ѕвезда, таа кажа:

„ Хмм, поимот ѕвезда е многу комплексен. Знаете ѕвездите се недостижни, не можете да им се приближите, но сепак светат!

Јас сум човек како и сите други, само што ете сум одбрала да работам јавна професија во која навистина уживам!

Кога веќе ме споредувате со некое небесно тело, во случајот ѕвезда, ќе кажам не, јас не сум ѕвезда бидејќи ѕвездата е само обичен камен, јас сум СУПЕРНОВА!

Популарноста има и позитивни и негативни страни, убаво е да си во постојан контакт со своите фанови, да се фотографираш, почесто да патуваш… 

Негативните се, па…

Можеби ете недоволното спиење поради честите настапи.

Јас сакам да ме има по медиуми само кога имам нешто да кажам! Нов албум, спот, песна… А да се појаувам во медиуми без причина мислам дека е навистина смешно“,. Во истото интерју, таа зборуваше и за тоа колку е вешта во кујната.

-Со оглед на тоа колку време работам, јас навистина немам време да се посветам во кујната. Но сакам, гурман сум и знам да подготвам нешто.

Претежно месо со зеленчук, некоја паста со интересен сос, сакам да експериментирам, но не и да претерам“.

Тамара на соцојалните мрежи објави дека е пресреќна, а причината се нејзините два концерти кои ќе се случат месецов. Првиот е во Охрид, а вториот во Битола, како што кажа таа:

Пресреќна сум што конечно можам да ве поканам на моите два солистички концерти ова лето… На 29.07.2021 во Античкиот театар во Охрид со почеток во 22:00 часот. На 01.08.2021 во Античкиот театар Хераклеја со почеток во 21:30 часот.

Инаку, таа ја најави и својата нова песна која наскоро ќе излезе.

Претходна статијаОд денес патни исправи со Северна – познато е до кога ќе важат старите пасоши, возачки, лични карти
Следна статијаД-р Татјана: Цели семејства доаѓаат кај нас, мајки и татковци со деца од 12-та година наваму, како едвај да чекаа