Проф. Трајковски: За неколку дена ќе бидеме на ниво кога ќе биде фер ЕУ да ги подигне рампите за Македонски граѓани

0

Професорот по Механика од Битола, Дејан Трајковски, по извесен период, повторно со своја анализа на моменталната состојба со ковид пандемијата кај нас:

„25.05.2021. Веќе два дена Битола, заедно со остатокот од државата се наоѓа во вториот, умерен степен на ризик за ширење на заразата. За 7-10 дена веќе би можеле да преминеме во првиот, низок степен на ризик, кога 14-дневната инцидена ќе опадне на помалку од 20 нови случаи за 14 дена на 100.000 жители (на првиот дијаграм.

Впрочем, во многу градови веќе стигнале до спорадично заразување. Штом целата земја дојде до тоа ниво на почетокот на јуни, би било фер ЕУ да ги подигне рампите за слободен влез на македонските граѓани (односно за „граѓаните на Република Северна Македонија“).

На вториот дијаграм се гледа како дневниот број на нови случаи продолжува експоненцијално да се намалува и моменталниот седумдневен просек во Битола изнесува 2,1 нови случаи.

Кај бројот на активните случаи, а особено кај бројот на хоспитализираните (на третиот дијаграм), поради поголемата инерција намалувањето на бројките е помало, но и таму забележуваме напредок.

Иако бројките најверојатно нема да паднат на нула, штом стигнеме до 1-2 лежечки болни на заразно, тоа повеќе нема да претставува вест за медиумите.

Конечно и кај починатите забележуваме намалување на дневните бројки (на четвртиот дијаграм е прикажана седумдневната подвижна средина, којашто е прилично намалена од априлскиот максимум.

Официјално е потврдена претпоставката дека зголемениот број на поч инати деновиве се должи на задоцнето откривање на поч -инати во домашни услови во текот на април.

Колку повеќе такви случаи се откријат сега, толку помала ќе биде одвишната необјаснета смртност во месечните билтени на Државен завод за статистика (иако слушнавме дека американскиот институт смета дека бројот на официјално незаведени починати од ковид во земјата е многу висок, шести највисок на светот).

Инаку, бројот на поч -инати во Битола од есенскиот бран, од 22.09.2020 до 22.01.2021 изнесува 140, додека во пролетниот бран, од 22.01.2021 до денес, 25.05.2021 досега изнесува 149, односно нема големо зголемување.

На државно ново, пак, во есенскиот бран имало 2069 починати, додека во пролетниот дури 2570. Со други зборови, со британскиот сој на вирусот поминавме прилично полошо отколку со „дивиот“ (вухански) сој, иако имавме дури и повисока прележаност.“

Претходна статијаПознатиот доктор Чадиковски упати важна порака до сте мажи и откри дел од својата приватност
Следна статијаИм скокна цената на Ураганките, од парите за еден настап може кола да се купи