Им скокна цената на Ураганките, од парите за еден настап може кола да се купи

0

Еден од нашите најпознати композитори Дарко Димитров е оној низ чија музичка работилница поминале многу ѕвзди, и домашни и балкански. Талентот на Димитров е наследен, тој е син на легендата Славе Диитров, а брат му Оливер е исто така одличен музичар.

Димитров во една прилика, во интервју за Бекстејџ прозборе како е тоа да се работи со толку големи ѕвезди.

Во неговото студио биле: Дино Мерлин, Емина Јаховиќ, Наташа Беквалац, Анастасија Ражњатовиќ, Александра Радовиќ, Јелена Розга, Јелена Томашевиќ, Сергеј Ќетковиќ, Ана Николиќ, Елена Ристеска, Туна Седји, Тамара Тодевска и многу други.

„Кај мене ѕвезди нема, јас велам кога ќе дојдете кај мене јас сум ѕвездата. Не поради тоа што јас сакам да бидам ѕвезда туку поради тоа што мора да се спуштиме на ниво каде што сме никој и ништо за да може да дадеме максимум.

Сите тие луѓе се преталентирани. Кога ги гледаме вака си мислиме дека некој им помогнал, но не е така. Мора да носиш нешто во себе, да го градиш со години, да знаеш да даваш за да ти дадат.

Со нив имам слична енергија, ја примам нивната енергија, емоција, какви проблеми имаат во моментот“ вели Димитров. „Често имаме ситуација да се скараме во студио, некој да се исплаче и да си замине.

Со Емина бидејќи многу сме блиски ќе се скараме, ќе си замине и потоа кога ќе се врати ќе излезе хит“, изјави Дарко во интервју за Бекстејџ пред извесно време.

„Не ми значи приватно дека јас сум сакал некогаш да бидам број еден. Не ми се тие целите во животот. Навистина, во својата душа не размислувам дека има број еден во ништо.

Дека сите сме луѓе што во себе нешто носиме, само треба да го работиме тоа што го сакаме и сите ќе бидеме број еден во некој сегмент. Јас сум добар во продукцијата, каде што пробувам да го дадам срцето и очигледно пробувам да најдам хемија, и тоа ми успева со изведувачите.

Кога ќе станам од сабајле пробувам да избришам сè од главата. Јас сум никој и ништо и пробувам да се докажувам сам на себеси“, изјави Дарко за „Бекстејџ“.

Тој е долги години оженет со Маја Димитрова со која има две ќерки. Дарко ретко во јавноста се појавува со сопругата и не објавува многу приватни фотографии.

Како што е познато, Дарко е дел од композиторите на песната Loco Loco, со која згодните србинки, Ураганките Hurricane настапија на Евровизија, на втората полуфинална вечер во Ротердам.

Aвтори на музиката и аранжманот на Локо, Локо се нашиот Дарко Димитров и Немања Антониќ. Димитров е во Ротердам со српската екипа и се радуваше заедно со нив кога влегоа во финалната вечер и кога цела сала гласно им аплаудираше.

Настапот на Ураганките е најкоментиран и на социјалните мрежи. Позитивни коментари пристигнуваат и од останатите земји на поранешна Југославија.

Тој на Инста стори објави видео во кое се гледа колку трите убавици се радуваат, пеејќи ја песната Loco Loco. Блазеси му на Димитов во вакво убаво друштво, во кое се гледа дека ужива.

Редакцијата на Курир дојде во посед на фотографии од венчавката на родителите на Ксенија Кнежевиќ, Ненад Кнежевиќ-Кнез, познатиот пејач од Црна гора и неговата поранешна сопруга Нина.

Венчавката се одржа во ноември 1995 година во Белград. Во тоа време, мајката на Ксенија беше бремена во осимито месец со Нина. Нина важеше за една од најубавите жени во тоа време, многумина ја сметаа за најфатална Белграѓанка, но избегнуваше да се појавува во јавноста.

Свеченоста се одржала во ресторан во Земун за околу сто гости. На забавата беа најголемите имиња на домашната сцена, меѓу кои пееја и Лепа Брена и нејзиниот сопруг Боба Живојиновиќ, текстописецот Марина Туцаковиќ, Иван Гавриловиќ и Аца Лукас.

Сепак, спектакуларните свечености не завршија славно, бидејќи родителите на Ксенија беа ограб-ени. Имено, тие оставиле подароци од гостите во автомобилот пред ресторанот.

Додека траела веселбата, кра-децот го скр-шил стаклото на автомобилот и им ги одзел сите подароци, како и куферите со нештата на невестата. Инаку, Нина и Кнез се во брак со години, во кој, покрај Ксенија, добија уште една ќерка – Андреа.

– Сакам однапред да спречам какви било шпекулации и произволно толкување. Исто така, со жалење морам да кажам дека разводот е последица на долгогодишното несогласување со нашите карактери, како и нешто што симболично би можел да го преточам во синтагма.

Двајцата почнавме да размислуваме за истите работи непоправливо поинаку, односно разликата од нашите концепции за понатамошно, идно заедничко живеење и променетиот систем на вредности стана кочница и нарушен фактор во денешниот живот – им рече еднаш Кнез на медиумите.

Групата Ураганки се здоби со дополнителна популарност со учеството на Евровизија, за што сведочи и фактот дека Сања Вучиќ, Ивана Николиќ и Ксенија Кнежевиќ беа букирани до крајот на летото, кога станува збор за настапи и концерти. Сепак, цената на нивните настапи веќе не е иста.

Имено „Ураганите“, сега пеат скоро двојно повеќе од хонорарот, односно, наводно, за еден настап земаат до 8.000 евра.

Сè зависи од тоа каде пеат, колку простор има и колку долго ќе трае перформансот, објаснува изворот на Блиц. Во поголемите дискотеки, каде што може да има повеќе од илјада луѓе, цената ќе биде осум илјади евра за двочасовен концерт. Во странство, таа сума сигурно ќе биде поголема за најмалку две илјади, или вкупно 10.000.

Претходна статијаПроф. Трајковски: За неколку дена ќе бидеме на ниво кога ќе биде фер ЕУ да ги подигне рампите за Македонски граѓани
Следна статијаДани прозборе за синот Лазар: Знае да ми пише на Инстаграм- мамо, тргни ја сликата!