Денес партијата СДСМ го одржа својот конгрес, кој беше поинаков од претходните и се одвива дигитално, поради добро познатите причини со пандемискиот вирус. Заев изјави дека бужиле предложени 120 кандидати за членови на Централниот одбор и девет кандидати за членови на Надзорниот одбор.
-Следува обновување на досегашната кадровска понуда на партијата, охрабрување на различно мислење, но и градење на СДСМ за новото време, рече денеска претседателот на СДСМ Зоран Заев во своето обраќање на 26. изборен конгрес на партијата.
Тој додаде дека од овие 120 кандидати, 60 се жени, 60 се мажи, а 45 се млади. Како што рече, покрај целосно еднаква застапеност на жените и мажите, имаме и 37,5 проценти застапеност на младите.
Исто така, посочи дека повеќе од две-третини се нови членови на Централниот одбор и Надзорниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.
-Со последните измени на статутот, уште повеќе ја демократизиравме партијата, но и го зајакнавме учеството на младите и жените во органите и телата на СДСМ. Следува најголема политичка акција за нова позитивна промена на начинот на функционирање на и менталитетот на политичките партии во земјата, почнувајќи од СДСМ, додаде Заев.
Тој посочи дека новата политика ќе се реализира преку пет клучни столба. Прво, како што рече, преку обновување на досегашната кадровска понуда на СДСМ, но без откажување од нашите луѓе. Второ, ангажирање на сите можни капацитети во борба против корупцијата и кри -миналот.
-Трето, охрабрување на различно мислење, и почитување на туѓи ставови. Четврто, градење на СДСМ за новото време. Млад СДСМ, прв во промените. Петто, поттикнување, подигнување на мотивацијата на нашите граѓани, на целиот наш народ.
За реализација на сите овие столбови сметаме на членството, на новот партиско раководство, но и на сите човечки капацитети за СДСМ уште подобро и уште попосветено да им служи на граѓаните и државата, додаде Заев.
Со овој пристап, како што рече, во наредните четири години СДСМ ќе продолжи да биде одлучувачка сила, која носи државнички одлуки.
-Воведовме етички кодекс и нов мерит систем на функционирање на партијата, со што се мери успешноста на секој функционер назначен од СДСМ и се врши еволуација на постигнатото на градоначалници, функционери, претседатели на општинските ирганизации и највисокото раководтсво на СДСМ.
Ја пишавме црвената боја како своја боја. Боја на социјалдемократијата, на левицата, боја на слободата. Денес, социјадемократското семејство брои над 80 илјади членови и постојано расте, додаде Заев во обраќањето.
Посочи дека се формирани нови општински организации, и денес СДСМ е единствена партија во земјава која има локална организација во сите општини во државата.
-СДСМ победува затоа што постојано се менува. Пред нас се сеуште бројни предизвици на секое поле. Започнува процес на нова политика, процес со кој СДСМ ќе остане прв во промените, посочи Заев.
Денес, делегатите на СДСМ, со големо мнозинство, го потврдија предлогот на парртискиот лидер Заев за негова заменичка.
Сања Лукаревска ќе биде вториот заменик-претседател на СДСМ, според одлуката на делегатите на денешниот 26.конгрес на партијата.
Со 682 гласа „за“ и два „против“, конгресот го изгласа предлогот што го даде партискиот лидер Зоран Заев. Тој ја избра Лукаревска за негова заменичка, по повлекувањето на Радмила Шекеринска, која беше на оваа позиција во два мандати, почнувајќи од 2013 година, кога и беше воведена функцијата и кога истовремено се случи смената на партиското кормило, односно заминувањето на Бранко Црвенковски.
За разлика од Шекеринска, која пред изборот за заменик-претседателка, ги извршуваше највисоките функции во партијата, така што долги години беше потпретседателка, а од 2006 до 2008 и претседателка на социјалдемократите, додека во меѓувреме беше вицепремиерка за европски прашања, а потоа и пратеничка,
Лукаревска ја презема функцијата како член на досегашниот состав на Извршниот одбор на СДСМ и како директорка на Управата за јавни приходи, каде што ова и е втор мандат.
Пред конгресот, во СДСМ имаше и размислувања заменичката позиција да биде укината, со оглед на тоа што, во меѓувреме, се смени моделот за избор на партиски лидер (на непосредни внатрепартиски избори), за разлика од 2013 и 2017 година, кога Заев и Шекеринска настапуваа како тандем на тогашните изборни конгреси. Сепак, денеска, пред почетокот на конгресот, досегашниот состав на ИО решил да се избере нова заменичка на Заев.
Сања Лукаревска, директорката на Управата за јавни приходи е една од најпопуларните жени во домашната политика. Како што е познато, таа е ќерка на познатиот глумец Ѓокица Лукаревски.
Во една прилика, Лукаревска зборуваше за тоа каква била во детството и во младоста, и за својот татко, големиот актер кој го паметиме по многу улоги, од Тетарче лево ќоше до Македонските приказни и многу други.
-Ако го земам во предвид фактот дека бев постојано претседател на класот во средното училиште ,,Никола Карев,, и лидерски се борев за нашите права како ученици, изгледа дека сум била на некој начин бунтовник.
Тинејџерските денови беа навистина прекрасни, безгрижни. Денес се смеам кога ќе ми текне , какви проблеми сум имала тогаш. Всушност тоа не биле проблеми, туку едни убави грижи.
Не ми одеше физиката, не ја сакав , ама се мачев да ја сфатам . Уживав на часовите по географија. Глумев во претстави во средно школо , пројавив некоја амбиција за глума, но остана се само на желба и ништо повеќе.
-Мислам дека бев мноу возбудена кога требаше да одам на новогодишна претстава во која глуми татко ми, заедно со тогашните мои другари од основното училиште ,,Димитар Миладинов”.
Се сеќавам, кога бевме на такви претстави, најчесто во Универзаланата сала, на крај на претставата тој ќе ме пронајдеше во публиката и дискретно ќе ми мафнеше. Тоа го гледаа моите другари, а јас бев пресреќна.
Имаше и такви случаи кога, тој ме носеше на доделување на пакетчиња во Драмскиот театар. Тој Дедо Мраз таму, ми беше многу страшен и наместо да се радувам, бев заледена од страв.
И за да ми надомести, Ѓокица знаеше да дојде дома, преправен како Дедо Мраз, да ми даде пакетче и да си оди. И тој знаеше колку е искрена таа детска радост“, рече во една прилика Лукаревска за Женски магазин.