Д-р Нико Беќаровски: Да се ослободат од работа оние кои се имунизираат – имам сознанија дека една битолска компанија тоа не им го овозможува

0

Вчераљ д-р Нико Беќаровски, во групата „Ковид 19 искуства и совети“, одговори на многуте дилеми околу имунизацијата со конкретни факти, бројки и проценти:

„Почитувани членови на групата, сите кои сте загрижени дали да се вакцинирате поради разни алергиски реакции, еве Ви еден статистички податок па одлуката донесете ја сами.

Шансата да развиете анафилактична реакција по апликација на вакцина во моментов изнесува 0.0002%. Од пеницилин 0.003% , Од Парацетамол 0.02% , Од убод на инсект 0.07%.

И за крај шансата да ум -рете од вакцинација е 0.5 на милион вакцинирани, а од Covid-19; 2,7 на сто заболени.

Денес, тој во неговата рубрика „Јас да си кажам“, укажува на една аномалија, која според него, сега, во текот на масовната имунизација, треба да биде регулирана:

„ПОСТВАКЦИНАЛЕН СИНДРОМ. 1-3% од вакцинираните развиваат таканаречен поствакцинален синдром, кој обично е лесен и се манифестира со болна осетливост, температура, малаксалост. Овој синдром трае 24-48 часа.

Мора да разбереме дека за успешна вакцинација на вработените во приватниот сектор мора да се обезбедат и услови за сите кои ќе развијат поствакцинален синдром да отсуствуваат од работното место, а не по секоја цена да се присилуваат веднаш по вакцинацијата да се вратат на своите работни места.

На овие лица мора да им се овозможи да отсуствуваат 1-2 дена од работното место БЕЗ ДА БИДАТ ИЗЛОЖЕНИ НА ЗА КАНИ.

За да не се злоупотреби оваа можност од вработените, може да постои клаузула за одработување на ова отсуство, каде технолошкиот процес тоа го дозволува, или наједноставно да се одземе 1-2 дена од годишниот одмор.

Според моите сознанија во текот на вакцинацијата во битолската фабрика Kromberg & Schubert, која се одвива овие денови, неколку работнички биле принудени да останат на своето работно место и покрај тоа што развиле класични симптоми за поствакцинален синдром.

Веројатно со исти проблеми се соочуваат и сите останати вработени, пред се во ТИРЗ зоните и текстилната индустрија.

Затоа апелирам до надлежните во МЗ и МТСП, веднаш изнајдете начин како овој проблем безболно да се разреши.

Во спротивно ќе имаме се помал одзив за вакцинација во оваа екстремно вулнерабилна популација, а со тоа ќе биде компромитиран и целиот процес за создавање на колективен имунитет.

П.С. Само здрав, задоволен и заштитен работник е продуктивен на своето работно место!“

Претходна статијаТрифун Костовски: Тука сум во Скопје – немам намера да бегам или да се кријам!
Следна статијаСДСМ доби нов втор човек – која е Сања Лукаревска приватно?