Статус на Трифун Костовски:
„Почитувани пријатели, Благодарност до пријателите кои што ги стекнувам секојдневно и со кои сакам да ги споделувам моите и нивните маки.
Посебно сакам да ги споделувам гледиштата кои се поврзани со актуелната политичка состојба во Македонија и во наша меѓусебна комуникација да се договориме каква Македонија сакаме и каква стратегија да изградиме.
За жал минувам тежок период од мојот живот со стечајот на Еуростандард банка кој стечај е повторувам кри мин-оген, со цел да се покријат трагите каде завршиле парите на моите коминтенти и моите лични пари.
Мојата посветеност за откривањето на ова зл одело е мојата водилка во натамошното мое делување во сите свери на нашето живеење, вклучително и политиката. Благодарност до луѓето кои ја разбираат мојата мака и ме подржуваат на овој мој пат.
Неможам да разберам некои од моите пријатели чии профили се сомнителни ме напаѓаат и ме жигосуваат како кри ми-налец, зл осто-рник и нечовек.
Неможам да ги разберам со кое право посегнуваат да навредуваат, омаловажуваат, бидејќи повторувам, НАЈСВЕТО ВО МОЈОТ ЖИВОТ Е МОЈОТ ОБРАЗ ИЛИ АКО МИЛУВАТЕ ДОСТОИНСТВОТО.
Нема да дозволам никому да сиот мој посветен живот за оваа, за мене врвна човечка вредност ми ја одземе или ми ја оспори.
Стојам исправено и спремен сум да одговорам на сите институции во земјата и на секое добронамерно поставено прашање за вистината околу стечајот на Еуростандард банка.
Не ја разбирам потребата да ме жигосувате за нешто што не е за мене својствено. Јас сум првиот кој дигна глас против овој злостор и веројатно ќе бидам последниот кој ќе се откаже од оваа моја мисија.
Им порачувам на сите мои пријатели и непријатели ЈАС СУМ ТУКА ВО СКОПЈЕ, НЕ ИЗЛЕГУВАМ ОД МАКЕДОНИЈА ДОДЕКА НЕ ГО РЕШАМ ОВОЈ ПРОБЛЕМ.
Немам намера да бегам или да се кријам! Разберете, за овој кри -минал адресата е на друго место. Убеден сум дека сторителите на овој чин не спијат мирно. А зошто? Самите знаат.
На крајот сакам да ве замолам, на моите поставени прашања од кампањата: Сакам да го слушнам гласот на мојот сограѓанин, на одредена тема, доколку милувате дајте ваш став, меѓутоа прашањето за стечајот на Еуростандард банка не го мешајте со поставените прашања.
За луѓето кои што сакаат да добијат повеќе информации од мене во врска со стечајот на Еуростандард банка, ќе им овозможам преку жива комуникација на социјалните мрежи која ќе биде предложена во наредниот период. Во тек на утрешниот ден ќе дадам став како одговор на ова прашање.“