Анастасија ужива на скап одмор, плаќа 1.000 евра за една ноќ кај што одат сите холивудски ѕвезди

0

Анастасија Ражнатовиќ во февруари посака да ја замени зимата во Србија со лето, и затоа ги спакува куферите и отиде далеку!

Оваа музичка ѕвезда се упати кон Малдивите, од каде им се пријави на своите следбеници преку сторија на Инстаграм.

Таа покажа во каков луксуз ќе ужива во наредните денови. Судејќи според нејзините најави, Анастасија дефинитивно знае како да ужива. Пејачката сподели фотографии од појадокот кој се служи покрај покрај базен, а погледот на океанот е величенствен.

Потоа, објави и стори во костим за капење, но и прекрасен пејсаж на кој напиша: Дали јас сум во рајот? И сликите по туширање со кои се пофали на Инста не ги оставија рамнодушни нејзините фанови.

Познатата пејачка се уште не откри со кого ги споделува овие убавини, но тоа е најевројатно е нејзиниот дечко, Ѓорѓе.

Анастасија и нејзиното момче Ѓорѓе Куљиќ, бизнисмен од Нови Сад, купија два стана во луксузна зграда во центарот на Белград, ексклузивно објави „Ало“ неодамна.

Становите се наоѓаат на два спрата, и во рамките на новоизградениот комплекс. Анастасија и Ѓорѓе живееја во Нови Сад, во семејната куќа Кулиќ, последните две години.

Иако ги имаа сите услови за живот, вклучително и надворешен базен, тие одлучија да се осамостојат и да започнат да живеат без своите родители”, рече изворот близок до овој пар за „Ало.“

Како што рекол изворот, тие долго време барале идеално решение за домување и го нашле во срцето на Белград.

-Тие купија два стана од по сто квадратни метри, на два спрата, кои во моментов ги уредуваат за да се вселат на крајот на април.

Апартманите се пространи, имаат неколку бањи, спални соби, огромни и пространи дневни соби со пристап до терасата, што е се во стакло – рече добро информиран извор за „Ало!“. И додаде дека можеби од двата стана ќе направат дуплекс .

Бидејќи двојката инсистираше на одредени промени кога станува збор за внатрешноста, се очекува идното љубовно гнездо на Анастасија и Ѓорѓе да биде подготвено да се преселат на крајот на овој месец.

„Планот е да се преселат во нивниот нов дом на крајот на април, а најдоцна на почетокот на мај.

Мебелот е избран и порачан одамна, па сè ќе пристигне на време – вели изворот и додава дека и Анастасија и нејзиниот емотивен партнер се пресреќни поради новото поглавје во нивните животи. „Среќни се затоа што ќе живеат сами, но и затоа што заедно ги купија становите.

Инвестирањето во заеднички простор за живеење е исто така инвестиција во нивната иднина, и очигледно тие немаат дилема дека ќе ја поминат заедно – изјави изворот.
Анастасија сега повторно ужива на егзотичен одмор.

Пејачката ги спакува куферите и отпатува со своите пријатели во луксузното одморалиште Тулум во Мексико.

Оттаму им подари на обожавателите фотографии од песочната плажа каде што позира во костим за капење. Кога не се сонча и не ужива во морските активности, ќерката на Цеца Ражнатовиќ ги посетува најубавите места во Тулум, позира и фотографира.

Патем, дестинацијата што Анастасија ја одбра за одмор се смета за едно од омилените места што ја посетува холивудската елита, а за една вечер во хотелите во Тулум, потребно е да се издвојат во просек околу 1.000 евра.

Фото: Инстаграм принтскрин

Претходна статијаБез око да и трепне ми рече: Ми се одјаде кога и ги видов валканите раце на мајка ти – во дом да ја однесеш
Следна статијаЏамбазов им се заблагодари на сите доктори, медицински сестри, полицаjци, шофери и таксисти