Деновиве во јавноста и по социјалните медиуми има зголемени реакции околу цената на маслото за јадење. Портпаролот на СДСМ и пратеник, Костадин Костадинов, на својот профил на социијалните мрежи, детално објасни зошто цената на маслото е толку покачена:
„Кога говорам дека Ковид19 не само што е сериозна здравствена туку претставува и многу сериозна економска криза, тоа навистина го мислам.
Деновиве е актуелно во јавноста цената на сончогледовото масло за јадење, особено ме изненадува базичното економско непознавање на приликите од страна на доста искусни политичари од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Од друга страна, кога гледам како се позиционираат од старт на пандемијата до сега можеби и не треба да бидам изненаден, тоа би дошло како онаа познатата снегот не изненади во јануари.
Да почнеме од почеток, пазарната цена на чинење на одреден производ е составена од неколку компоненти: суровината, амбалажата, транспортните трошоци, вкалкулираните трошоци за плати, маржата на компанијата и слично.
Во однос на сончогледовото масло вреди да се знае дека пред пандемијата суровината односно истиснатиот сончоглед пред рафинирање се движеше 750 до 800 евра по тон, за сега да биде 1350 до 1400 евра по тон па и можеби повеќе.
Во прилог на статусот подолу објавувам и берзански фотографии за детално да се запознаете со цените.
Покрај зголемената цена на суровината, покачени се цените и на репро материјалите како најлон, стреч фолија, гранулат за ептувета за амбалажа, на светско ниво, значи важно е да се знае дека не е Македонија само погодена туку буквално цел свет!
За пример најлонот беше 80 денари по килограм сега е 130 денари по килограм.
Запрепастен сум како една таква кат астрофа одредени не би сакал да ги наречам неписмени политичари, ја обвинуваат владата односно СДСМ за зголемената цена на сончогледовото масло за јадење.
Која ми е поентата почитувани? Кризата не разликува, Македонци, Албанци, Роми, Турци, не разликува партии, не разликува вера, едноставно сите сме во овој барабан.
Клучно е наместо да бараме виновници и кривци, да бидеме партнери, соработници, заеднички да ја сузбиеме кризата.
Да работиме трезвено и мудро, оти сигурен сум дека мнозинството граѓани им се гади кога ќе слушнат неаргументирани расправии, наместо консензус за важните прашања. Со почит!“