Паркче си меле на најјако- Скопје и денес како пред кризата, полни клупи и редови за кафе за носење (ФОТО)

0

Надлежните сметаат оти искуството покажало дека угостителските објекти се места каде и покрај препораките, превентивните мерки не се почитуваат.

Гостите не држат дистанца и има групирања. Затоа, нивното целосно затворање е добра мерка, особено сега, во пресрет на празниците, сметаат тие.

-Мислам дека е добра ваква мерка во пресрет на празниците. И тоа беше главниот концепт околу кој дискутиравме – дали треба да имаме радикална мерка и сериозно да го намалиме притисокот пред некои настани кои се сериозен ризик, а по две недели можеби за угостителските објекти некои други препораки.

Сепак, искуството покажа дека тоа се места каде и покрај тоа што има препорачани мерки, дистанца, сепак има групирање и непочитување на тие превентивни мерки. И затоа е таа препорака.

Сакаме на некој начин, да го намалиме притисокот кон здравствениот систем, рече вчера министерот за здравство Венко Филипче.

За евентуални промени во однос на мерката, напомена, ќе се анализираат бројките и податоците за сите градови поединечно како што се прави секоја недела.

-Не смее да се дозволи експлозија и создавање кластери за празниците, посебно во ваква ситуација кога системот е оптоварен со бројни пациенти по болниците, потенцира Филипче.

Кафулињата сега го продваат популарното кафе за носење, и низ главниот град можат да се видат доста млади кои пијат кафе на клупа, на сонце.

И денес, младите го искористија убавото време за прошетка во Градскикот парк во Скопје, каде што како што објавија многумина на социјалните мрежи, беше преполно и се чекаше ред за купување пијалок.

Оваа слика ја објави музичарот Владимир Блажев- Панчо кој на Фејсбук напиша:

Паркче си меле на најјако, а вие затварајте теретани и кафичи со тераси на отворено.
Воопшто не ги окривувам луѓето, поготово не младите.

Ваљда не мислевте дека со полициски од 20ч и затварање на локалите луѓето ќе седат по дома на 20+ степени?

Луѓето се веќе збеснати, изморени, осиромашени, деморализирани, разочарани, осиромашени и психички попуштени, и што е најсериозно се осеќаат оставени сами на себе и не веруваат на ниту една вест што е нормално по 100 лажни ветувања.

Едноставно преку глава им е од се што се случува. Ги жалам здравствените работници кои душата им ја извадивте, велам извадивте, бидејќи ниту една мерка не ви донесе плод, а сето тоа паѓа врз нивниот грб не врз вашиот каде бутате бифтеци во фотељите.

Тоа што било ок (а не се десило тоа) било чиста среќа и верувам ќе се сложите со мене дека мерки се превземаат за да не се рашири пандемија и да се спречи благовремено, а не откако ќе земе замав нели. Господ напомош, друго не гледам дека постои кога е во прашање државна заштита.

Фото: Фејсбук принтскрин, Јутјуб принтскрин, Freepic

Претходна статијаАко сакаат да живеат богато, нека ги засукаат ракавите: Брена се отвори за децата
Следна статијаКостадин: Кризата не разликува, Македонци, Албанци, Роми, Турци, партии, вера – сите сме во овој барабан