Пратеникот и портпарол на СДСМ, Костадин Костадинов, на својот профил на социјалните мрежи, прави споредба на извештаите од Стејт Департментот, со што, како што вели, сака да ја прикаже разликата меѓу владата која ја предводи Зоран Заев и онаа претходната, на Никола Груевски:
„За тоа колку е огромна разликата помеѓу оваа влада која ја предводи СДСМ и Зоран Заев и онаа на ДПМНЕ заедно со сите режимски послушници на Никола Груевски кои до ден денешен се инсталирани во врвот на таа кри минална партија, доволно е да направите анализа на извештаите на Стејт Департментот.
За таа цел јас ги земав извештаите од 2013,2014,2015 и 2016 година и ги споредив со оној од 2020 година.
Покрај нотирањето дека оваа влада вложува сериозен напредок во борбата против корупцијата и кри мин-алот, во борбата против дискриминацијата, слободата на говор, нецензурирањето на медиумите и медиумските работници, особено внимание привлекува делот каде што се опишуваат политичките зат вореници.
Од причина што материјалот од извештаите е обемен, во овој мој пост до вас ќе се држам само на делот со политичките зат вореници, што за мене е особено важен и прави јасна дистинкција помеѓу авторитарниот режим на ВМРО-ДПМНЕ и демократското владеење на СДСМ.
Имено во извештајот на Стејт Департментот за 2020 година во однос на политички зат вореници и притворени лица графата е празна, за разлика од 2013 година кога јасно е нотирано (ова е добро и јавноста да се потсети) дека новинарот Томислав Кежаровски добил 4.5 години за творска казна, за наводно откривање идентитет на заштитен сведок.
Согласно сите информации Томислав ја добива ка зната исклучиво заради несогласување и противење на тогашниот режим.
Во 2014 година режимот на ВМРО-ДПМНЕ веројатно заради пре сметка со неистомислениците го осудува и Мирослав Шиповиќ кој се појавува во извештајот.
Истата таа 2014 година мон стр-умите од ДПМНЕ тргнуваат повторно во хајка кон неистомисленицита па за таа цел го притвораат и го осу дуваат на една година за твор на Дејан Ставриќ кој го водеше штрајкот против министерството за здравство.
Во извештајот од 2015 година кога режимот беше пуштен на најако, од с трав дека бродот почнува да им тоне и дека јавноста ќе ја слушне вистината за нивните гадости, ВМРО-ДПМНЕ тргнува во конечна пресметка против народот.
Само заради тоа што Груевски имал информација дека можно е граѓаните да ја слушнат вистината, тргнува да ги притвора Зоран и Соња Верушевски, Бранко Палифров, Ѓорѓи Лазаревски, секако отвораат истрага и против човекот кој го сруши режимот, Зоран Заев.
Во 2016 година шефот на Мицкоски и целата таа тајфа бан -дити околу него бр -утално удараат по граѓаните.
Да се потсетиме на фамозниот 13 април, ден кога при притворање на 13 СТУДЕНТИ, само заради тоа што ја поддржувале ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА, им се направени тешки физ ички повреди, без да им биде пружена медицинска помош, им била ускратена можноста за пристап до адвокат…
Тоа почитувани е само накратко потсетување за сите гадости кои ги правеше истата таа партија која денес глуми загрижена, тоа се буквално истите луѓе чии мисли се исполнети со к -рв, злоба, кри минали.
Разликата почитувани е огромна, јас како претседател на комисијата за прашања на изборите и именувањата сум убеден дека секој нареден извештај ќе биде се подобар.
Убеден сум дека во извештајот за 2021 ќе биде нотирано дека после цели 3 години кочење, формирана е комисија за спречување и заштита од дис криминација, на најдемократски начин, ќе биде нотирано дека конечно после долги години е избран новиот состав на АВМУ и програмскиот совет на МРТВ.
Благодарам за силната поддршка која ни ја давате, оти само заеднички можеме да си ја направиме нашата мала држава Северна Македонија, поубаво место за живеење.“