Синоќа по подолго време на електронски медиум се појави членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, д-р Вело Марковски. Тој гостуваше во емисијата „Што не е јасно“, на Алфа телевизија.
На констатација на новинарката дека долго време немал ТВ настап, Вело Марковски рече дека во последно време едноставно не го викаат на настапи, а дека неговите размислувања ги пренесува на социјалните мрежи.
Потоа, Марковски проговори за актуелните состојби во здравството, при што потенцираше дека Венко Филипче е веројатно најлошиот министер за здравство кој оваа држава го имала.
Д-р Вело Марковски смета дека целиот здравствен систем е на колена, бидејќи во последните два квартала од минатата година има драстично поголем број поч инати во споредба со претходната година. Тој, како што нагласи не знае дали тоа се должи на ковид или на други причини.
Вело Марковски рече дека е изненаден од последната лидерска средба меѓу Христијан Мицкоски и Зоран Заев, бидејќи тие премногу време потрошиле на пописот, наместо да разговараат за пандемијата:
-Тоа е исто како да ви го ри во кујната, а вие во дневна да ставате венецијанер завеси. Мора да се направи влада на национален спас, колку и мојата партија да се противи на тоа, рече Марковски. После, кога ова ќе заврши, нека се расправаат за други работи.
Д-р Марковски проговори и за давањето на сумамед и панцеф како терапија за вирусот ковид, нешто за што во изминатите неколку денови зборуваше и нашпиот најпознат доктор, епидемиологот проф. Драган Даниловски:
-Тоа што го прават матичните лекари, но и мои колеги специјалисти, заслужува доколку им се случи вторпат, веднаш да им се одземе лиценца, вели Марковски. Недозволиво е да даваат антибиотик на вирусна инфекција.
Вело Марковски го искритикува и давањето на Ивермектин на позитивни на Ковид, особено превентивно, бидејќи, како што вели тој, ова е неиспитан антипаразитен препарат за кој во лабораторија се утврдило дека делува на ковид. Во лабораторија може дареагираат многу препарати, вели Марковски.
Д-р Вело Марковски особено се задржа на носење маски на отворено и рече дека тој е против ваквата мерка. Според него, носење на маска на отворено во многу придонесува за зголемени пневмонии, бидејќи носењето маска на отворено се случува аспирација, која е индикатор за пневмониите, рече Вело Марковски.
Околу имунизацијата, Вело Марковски вели дека мора да се обезбедат вакцини за оние кои сакаат да се имунизираат, но, тие да не бидат добивани бесплатно. Тоа е недозволиво, рече Марковски. Ние и покрај најдобрата намера на нашите соседи, не знаеме на пример дали тие вакцини биле соодветно чувани, транспортирани и.т.н.
Но д-р Марковски вели дека пред да се имунизира некој, мора да му се направи тест за антитела, бидејќи според него е ризик да се вакцинира прележан кој има антитела:
-Ние мораме да им мериме антитела на луѓето, бидејќи некој кој прележал, нема потреба да се вакцинира минимум 6 до 7 месеци, напротив, тоа може да има несакани ефекти од премногу антитела во телото, кое ќе се обиде да ги исфрли преку бубрезите, но ако се премногу може и да не успее, па тие антитела да завршат во срцето или друг орган и да направат проблеми.
Д-р Вело Марковски на почетокот на емисијата, одговори на политичкото прашање на новинарката, која го осуди вчерашниот потег на премиерот Зоран Заев и Венко Филипче, кои со хеликоптер беа на средба во Прилеп, а тоа Заев синоќа го образложи со набиена агенда.
-Јас нема да се согласам со вас, и одговори Марковски на водителката. Јас одамна сум кажувал дека треба да се користат ваквите превозни средства, бидејќи на крајот на краиштата вака и се штеди, вели Марковски.
Замислете, со возила кога се оди, се ангажираат големи полициски службеници, па има ризик во сообраќајот. Јас не го осудувам потегот на премиерот Заев, рече Вело Марковски.