Прија отворено прозборе за естетските корекции, што зголемила, а што намалила

0

Младата пејачка Александра Пријовиќ важи за една од најстилизираните дами од регионалната јавна сцена.

Таа реши на својата публика да и подари два нови сингла по кои ќе следат видеа за кои, според медиумите, издвоила дури 70.000 евра.

Сè треба да биде подготвено до летото, пејачката се надева дека дотогаш ќе се смири ситуацијата со вирусот.

Пејачката планира да снима видеа на неколку егзотични дестинации, вклучувајќи ги, наводно, Малдивите, каде што не работел никој од нејзините колеги.

Извор близок до Пријовиќ откри дека песните наводно треба да бидат објавени на лето, но и дека пејачката подготвила нешто што досега не е видено на домашната сцена.

– Прија заработи само илјадници евра од авторските права на Јутјуб, па затоа не и е проблем да инвестира толку многу во нови песни.

Договорот е песните да бидат објавени на лето, бидејќи тие веруваат дека дотогаш ќе се смири ситуацијата.

Таа сака да направи нешто ново, што не е видено порано – започна тој. Видеото ќе се снима на локации како што се Малдивите. Чини приближно 70 000 евра.

Се покажа дека Прија и Филип веќе имаат летувано во еден од тие хотели, па таа веднаш се согласи. Кон крајот на април, таа треба да патува со својот тим, а песните треба да бидат готови до јуни – заклучи изворот за „Ало“.

Александра Пријовиќ никогаш немала проблем да зборува за своите естетски зафати. Популарната пејачка истакна дека е приврзаник на корекција и разубавување, но само доколку е во границите на нормалноста и пристојноста.

Правев некои естетски корекции. Јас сум приврзаник на тоа, но во умерени количини. Направив навистина минимални корекции и го поправив тоа што не ми се допаѓа, чисто за да се чувствувам подобро – рече Пријовиќ во една популарна ТВ-емисија и го коментираше затегнувањето на лицето.

– Секоја жена става ботокс кога ќе наполни 40 години. Сè уште не сум размислувала за тоа. Би сакала да издржам што е можно подолго без тоа.

Полека, имам само 25 години. Сè уште нема да размислувам за тоа – истакна Пријовиќ. Да потсетиме, пејачката пред неколку години призна какви интервенции направила.

– Го сменив тоа што го сакав. Ги сменив градите, малку ги зголемив, повеќе немам желба да правам такво нешто.

Ги поправив усните минимално, не претерав со ништо. Минатата година имав опе рација на носот, пред се поради девојација, не можев да дишам, а исто така и поради работата – изјави еднаш Прија за српските медиуми.

Фото: Инстаграм принтскрин, Јутјуб принстскрин

Претходна статијаКајмакоски се врати во Македонија, покажа на какво убаво место ужива (ФОТО)
Следна статијаЕлена Стефановска се пофали со своите топ нешта, а еден фан ѝ даде интересен прекар