Синот на Кеба, Игор, пред станот на Севрина, носи закачалки, куфери…

0

Со месеци се шпекулираше дека завршила љубовната врска помеѓу Северина (48) и нејзиниот сопруг Игор Којиќ (33), а тој сега наводно конечно се иселил од нејзиниот стан во Загреб.

Игор Којиќ по долго време беше виден во населбата Козјак во Загреб, пред станот на неговата сопруга Северина.

Којиќ бил виден во Козјак додека влечел куфери и костуми на закачалка и товарел работи во комбе регистрирано во Белград, откриваат очевидци за 24сата.хр.

Oва е наводно втор пат во последните неколку недели да се појави пред станот на Северина, а после тоа го немаа видено скоро една година.

ПР-тимот на Северина брзо реагираше, тврдејќи дека работите биле иселени од внуката на пејачката Миа Поповиќ.

„Единственото селење што се случи викендов беше она на внуката на Северина, која (повторно) се пресели со нејзиниот сопруг во непосредното соседство на Северина, поточно спроти зградата на Северина“, велат од ПР тимот на пејачката.

Северина и Игор веќе долго време не се појавуваат во јавноста заедно, па дури и ги избришаа заедничките фотографии од Инстаграм, што дополнително ги разгоре гласините за разводот.

Двајцата сè уште молчат за сè, а најновите информации за нивната врска ги даде таткото на Игор, Драган Којиќ Кеба.

“Кога ме прашувате за Северина и Игор, немам претстава што се случува во нивниот брак, не се слушам често со нив. Ниту, пак, треба да се мешам во овие работи.

Не се слушам често од мојот син затоа што има многу обврски и честопати не е дома.

Не знам што се случи со Северина, не разговаравме за тоа. Таа е во Хрватска долго време, не знам дали планира да дојде наскоро, но тоа е нејзина работа “, изјави Кеба за српски Телеграф во декември минатата година.

Април отсекогаш бил радосен за Северина, бидејќи овој месец го слави роденденот, но од пролетта 2015 година ја слави и годишнината од врската со 15 години помладиот сопруг, Игор Којиќ.

„Пет години љубов, среќа, почит, вера, пет години прекрасен живот.

Те сакам, радост моја“, напиша таа во емотивниот пост на социјалните мрежи со соодветна фотографија минатата година, сеќавајќи се на годишнината.

Вчера,Игор и Северина требаше да ја слават шестгодишнината од бракот, но на социјалните мрежи немаше ни трага ни глас од таква објава, поточно, нема веќе неколку месеци.

Северина со емотивен пост ја одбележа и четвртата годишнина од нивната врска: „Верувам во тебе, со тебе живеам убаво.

Со среќа нека ни е“, му рече тогаш на Игор, но таа објава, за разлика од онаа што ја одбележа пет –годишнината, не ја отстрани од Инстаграм.

Фото: Инстаграм принтскрин, Јутјуб принтскрин

Претходна статијаЕфто Пупиновски откри за што штедел пари, и каков уникатен подарок ѝ дарил на првата внука
Следна статијаКајмакоски се врати во Македонија, покажа на какво убаво место ужива (ФОТО)