Македонскиот пејач призна дека не се тушира по 3-4 дена, раскажа зошто (ФОТО)

0

Елена Ристеска, една од нашите најпознати пејачки, својата кариера ја започна на натпреварот за таленти на М2, потрага по ѕвезди.

Имаше бројни хитови, а и Европа дозна за неа откако пееше на Евровизија со песната Нинанајна.

Елена во моментов е послабо активна во музиката, но нешто сосема друго ѝ го окупира времето на популарната пејачка.

Таа од неодамна е сопственик на своја козметичка линија ЕРА, која го носи името според нејзините иницијали и првата буква од иемто на нејзиниот покоен татко, Ацко.

Пејачката во неколку интервјуа изјави дека е зафатена со промоцијата на женскиот и на машкиот парфем и нема време за љубов. Но, не ја исклучува можноста повторно да се омажи.

Елена пред повеќе од пет години се разведе по четири години брак.Таа неодамна изјави дека ја нервира што луѓето се полни со предрасуди за јавните личности. Тоа го искажа и во една од нејзините песни „Немаш право да ми судиш“, за која го напиша текстот.

„Луѓето се полни со предрасуди за нас, не знаат во што да веруваат а во што не од напишаното или кажаното.

Не е ни за осуда таквиот став, денес може да се пише сè и сешто за секого без да се сноси одговорност ниту да се има совест дека се влијае на нечија судбина, па луѓето се во заблуда за нас.

Но, кога ќе ти пријде потенцијален партнер и ќе те разочара со прашања од типот на: „Сум чул за тебе „тоа и тоа” или вистина ли е “тоа” за тебе“, веднаш сфаќаш дека тоа не е дораснат и доволно реализиран партнер за да можеш да градиш иднина со него.

Уште не те запознал тој веќе те осудил со сомнеж. Таквата приказна најчесто не е вистинската. Со целиот тој лавиринт од приказни за нас јавните личности, мислиш лесно е да ти пријде некој сосема нормален партнер?“, изјави Елена за „Женски магазин“.

Елена е многу добра пријателка со Панчо од ДНК кој е нејзин редовен поддржувач, а и таа негов.

Својата поддршка кон домашната музика и уметноста воопшто Панчо и Андреј, односно момците од двоецот ДНК уште еднаш решија да ја изразат на мошне уникатен начин.

Имено, нивниот последен материјал, односно ексклузивното „The best of“ издание, како и ДВД изданието од последниот концерт во Метрополис арената се ставени на продажба.

И тоа не е се – најинтересно е што сите фанови на ДНК од Скопје нарачката ќе ја добијат, што се вели, на рака и тоа лично од Панчо и Андреј.

Оваа нивна интересна идеја ја поддржа Елена Ристеска, која како и сите други си нарача ЦД- а и ДВД од ДНК. Имено, на врата дома ѝ се појави оригинален доставувач.

– Добар ден, госпоѓица Елена Ристеска?“, рече тој во сторито на Инста кое го објави Елена. „Да, повелете?“, одговори Елена. „Од карго ми кажаа дека сте нарачеле комплет Цд и ДВД.

-Така е, да, ви благодарам многу“, рече Елена. „Дали сте задоволни од доставата?“, ја праша доставувачот. Да, одговори таа и му даде пари на доставувачот.

Кога подобро ќе ја погледнете снимката, ќе сфатите дека всушност лично Панчо на Елена ѝ ги однел музичките изданија дома.

Елена ги поддржа ДНК, но и Панчо е тука за неа секогаш. Музичарот благодарение на нов производ од козметичката линија на Елена, во свој стил откри нешто интересно за себеси.

Тукушто си го го купив SHOWER GEL-от од козметичката линија ERA cosmetics на колешката Елена Ристеска.

Мириса ТОП, а викаат дека заштедувате и на вода и дека со едно бањање останувате чисти и мирисате убаво по 3, а може и 4 дена доколку не правите кардио“, напиша Владимир Блажев, познат како Панчо на Фејсбук.

Фото: Инстаграм принтскрин, Фејсбук принтскрин, Freepic

Претходна статијаМинистерот Филипче ги смири граѓаните кои се имунизираа во Србија
Следна статијаАбе, абе како да не му се изнасмееш, извади БГ пасош, отиде во Германија и после само 5 месеци се врати во село и глуми фраер