Се огласи Коце Трајановски и праша: Каде ви се топките и метларките кои беа електрични

0

Возило за чистење пропадна на плоштадот Македонија. Иницендтот се случи утринава, кога машината се упатила кон партерната фонтана за да го исчисти просторот, иако има поставени столбови кои укажуваат на тоа дека не смеат да се движат возила. Од тежина метларката пропаднала и се превртела. Повредени нема.

Но токму големата дупка го привлече вниманието на грѓаните.

Од град Скопје не ни одговорија дали возилото воопшто смеело да се движи по плоштадот. Велат дека штетата допрво ќе се утврдува. А вината ја префрлија на претходна власт, поради како што посочија неквалитетната изведба на плоштадот.

Веднаш по настанот, повикана е екипа на Министерството за внатрешни работи да изврши увид на лице место, а по отстранување на возилото ќе се изврши и процена на настанатата штета.

Ова е резултат на неквалитетна изведба на плоштадот во времето на претходната власт во Градот, велат од град Скопје.

На ова реагираше поранешниот градоначалник на град Скопје, Коце Трајановски, кој на својот профил на социјалните мрежи, напиша:

„Петре не сакав да коментирам но кога прочитав дека кажувате дека линиската фонтана била неквалитетно направена ќе ви одговорам:

-фонтаната е квалитетно направена и ги има сите одобренија од надзорните органи. Се обидуваш да ја префрлиш вината на друг.

-никаде во светот по линиски фонтани не се движат тешки возила

-околу линиската фонтана имаше поставено гранитни топки кои укажуаваа и оневозможуваа да се движат тешки возила. Нив ги ставивме откако пропадна возило на ЈП “Улици и патишта”

-кога Папата го посети Скопје ги тргнавте и добар дел сега ги нема околу фонтаната.

-за чистење на фонтаната набавивме две електрични метларки кои поради малата тежина без проблем се движеа и ја чистеа и линиската фонтана. Каде се сега тие метларки, зошто не ги користите?

-оваа фонтана неколку години се чистеше и функционираше без проблем, очигледно дека сега грешката е човечка и организациска.

-оваа метларка која денеска пропадна во фонтаната е премногу тешка за да се движи над линиската фонтана, требало да прашате во службите, тие знаат.

-ја нема или драстично е намалена и чуварската служба која се грижеше за плоштадите.

-Знам дека се што е претходно направено сакаш да го тргнеш, затоа и долго време не работеше.

-се надевам дека нема да ти биде повод да ја тргнеш фонтаната туку да ја одржуваш според протоколот кој го знаат службите.“

Претходна статија(ФОТО) Како се насука товарниот брод во Суецкиот канал и дали капетан била жена?
Следна статијаЈа батали музиката, ама стана директор: Што прави сега познатиот пејач чии песни ги сакаше и старо и младо?