Приказаната за пејачот кој ја изневерил својата сопруга, и тоа со 29 години помлада жена, кружи низ регионалните медиуми.
Станува збор а пејачот кој е познат по песната „200 на сат“.
Неговото име е Иван Гавриловиќ. Тој ја изневери сопругата во реалното шоу „Парови“ со Милијана Богдановиќ (23), а сега сака и деца со неа.
Пејачот призна дека го привлекла помладата девојка и дека ѝ бил неверен на сопругата.
„Факт е дека ја изневерив сопругата и дека се за вљубив во Милијана. Се подмладив покрај неа, и не би било лошо со неа да имам деца.
Таа плаче по дете“, изјавил Иван кој ја споменал и својата сопруга, Марина.
„Не можам повеќе да мислам што мисли Марина, она што се случи не е нормално “, рече Иван.
„Вистина е, би сакал детето да биде паметно како мене, а на Иван да биде „200 на час “, додаде Милијана.
За „Информер“ се огласи и неговата сопруга Марина, која го изјави следново:
– Тој може да направи што сака до одредена мерка, јас не сум разведена и сè уште сме во брак затоа што овие работи не се решаваат преку реални шоуа или преку медиуми, туку приватно.
Тој има 52 години и не е дете, и она што го прави го прави многу свесно. Му ја посакувам сета среќа на него и на таа девојка, чие име не го ни знам, дури и ако сето ова е само игра.
Но, ако не е, чекам да излезе, па ќе видиме што и како понатаму – изјави сопругата на Иван за „Информер“ и додаде:
– Иван многу добро знае како се неговите родители, во каква состојба ги остави кај мене и кој се грижи за нив.
Неговиот татко имаше тешка операција, тој носи катетер и пелени.
Неговата мајка доживеа мозочен удар, а чичко му по -чина пред неколку дена како последица од на вирусот. Секој го носи својот крст и нека му служи на чест ако го прави сето ова свесно.
Јас сум чиста пред Бога, за него не знам како може мирно да спие“, изјави Марина, сопругата на Иван.
Фото: Инстаграм принтскрин, Фејсбук принтскрин, Јутјуб принтскрин, Freepic