Музичарот Баже Маротов кој е професор по контрабас, рече дека во времето на пандемија и тој како и неговите колеги се снаоѓа како што знае.
Според Маротов, добра работа во ова време е што музичарите повеќе творат.
– Ова „добро“ го кажав со малку декрешендо во глаот, музички да се изразам. Зашто сите ние твориме, а што ќе биде од тоа, не знаеме“, рече тој во емисијата Магазин на Сител.
– Кога почна пред една година пандемијата, уплашени, се затворивме дома сите, и немаше што да се прави, немаше ни фудбал на телевизија, бидејќи сум голем љубител.
И, доаѓа период, доаѓаат идеи“, рече Моротов за своето творештво во последнава година.
Тој објасни дека прави циклус на обработка на македонски песни во кои доминира неговиот инструмет, бас гитарата и им дал уметничко име „Класика М“. Тој раскажа дека со неговото семејство кое е дел од неговиот бенд, вежбале летово во двор.
Раскажа и дека имаат група која се вика „Дворџии“, и така се договарале за терминот кога ќе вежбаат со членовите на семејството.
Потоа рече дека создал песна на хрватски јазик, требал да патува во Сплит, но му се одложило тоа патување. Маротов во живо ја испеа песната која многу наликува на стилот на Олоивер Драгојевиќ.
Потоа зборуваше за пријателствата и за тоа дали во ова време останале вистинските. „Сега повеќе се дружиме на социјалните мрежи, и еве ги поздравувам сите мои Фејсбук пријатели.
Порано не бев активен на социјалните мрежи, а сега секојдневно комуницирам со пријатели“, рече Мараотов.
Потоа тој зборуваше за неговото учество во шоуто „Никад није касно“, каде што се пријави заедно со неговата сопруга Јуле. „Тоа се случи незнаејќи, на почетокот. Јас бев четврта емисија, Јуле беше трета.
Кај нас се јави нашииот добар, ценет пријател, поко -јниот Драган Вучиќ, него му се јавиле таму од продукција и го прашале: Имаш ли некои луѓе од таму што би можеле да се пријават? Ми се јави на кратко и ми рече: Одете таму, отпејте, напрајте шоу.
Кога ни се јавија луѓето не знаевме дека тоа е од натпреварувачки карактер, дека ќе има елиминации. Ние прифативме да патуваме за Белград, мислевме дека еден настап ќе биде. Така што тоа беше нејаснотијата околу тоа.
Потоа, и самиот серијал се градеше. Јас сум во музиката многу години, и на овие и на југословенските простори. Кај нас луѓето и се информирани, и не се информирани. И мора и не мора да бидат информирани.
А тоа што прашавте дали има ефект. Јас имам многу работи направено во животот за кое луѓето знаат или не знаат, ме знаеле од ова или од она. А кога отидовме на тоа шоу, малку нашиот синдром е и таков: Аха, во Белград, аха во Загреб.
И тогаш се јавуваа луѓе како да првпат не виделе во животот. Мене не ми пречи тоа воопштво, океј е, убаво е луѓе да ве познаваат, да имаш пријатели на тој начин, на секој начин“, објасни Моротов.
За крај, тој зборуваше за своето семејство. „Ние сме сега една биг фемили, сите заедно, а секој на свој простор.
Синот Бојан има синче поголемо, сега има ќеркичка од една година, Луна, ја поздравуваме Луна, и Бојан и Лена, Гоце синот исто има син од две години, Лео.
Јас и Бојан имаме пасија за автомовилизам, а Гоце отиде на фитнес, малку и во инфлуенсерство влезе, вежба го направи своето тело убаво“, рече Маротов за синот.
Фото: Фејсбук принсткрин, Јутјуб принтскрин