Музичарот Пеце и новинарката Валентина се скараа на Фејс: Суперхикс нема да дозволат “партиски лепенки” на својот грб

0

Јавноста многу го коментираше потегот на скопскиот градоначаник Петре Шилегов кој објави дека како знак на поддршка за домашните музичари купил три изданија од домашни музичари и ги подарил на своите колеги политичари.

– Од мојот пријател Тони Зен на подарок добив два негови албуми па тоа ме натера да се потсетам на времето кога активно собирав плочи и се гордеев на мојата колекција.

Во деновите кога задолжително седиме дома, а локалните музичари имаат многу помалку ангажмани, е идеална прилика да поддржиме домашна музика и да им помогнеме на овие наши сограѓани.

Затоа, денеска набавив три изданија на македонски музичари и им ги испратив на Коста Петров, Радмила Шеќеринска и Јани Макрадули, за да ги повикам да учествуваат во Локален Музички Предизвик и да го прошират кругот, подарувајќи им музички изданија на своите колеги и пријатели, а со тоа да им помогнат на локалните музичари во продажбата на своите албуми“, напиша Шилегов.

На ова коментар даде новинарката Валентина Ѓорѓиевска- Парго. „Браво. Одлично. Но, ајде купи и некој мој производ, во случајов текст.

Иако не сум Ти “пријателка” како што ти бил Тони“, напиша таа.

На Петар Младеновски од „Суперхикс“ му пречи што новинарката го споменувала името на бендот во политичка конотација во коментари на некои профили.

– Додека ја подготвувам мојата ЛИЧНА реакција по повод “челенџот” на наши политичари со изданија на наши музички артисти(лична реакција, бендот се надевам ќе се огласи исто наскоро) би сакал да и се заблагодарам за поддршката низ годините но и истовремено блокнам г-ѓицата новинарка Валентина Парго поради недолични и невистинити коментари кои и ги читам на други профили во врска со Суперхикс.

Не знам што се случува со психата на дотичната но на лаги и провокации секогаш реагирам. Суперхикс е независен бенд кој никогаш не бил близок до ниедна “гарнитура” или партија.

Ставовите и идеите на Суперхикс се цврсти и непроменливи(за разлика од оние на лесно подмитливите политичари)

Суперхикс за 27 години постоење не дозволиле и нема да дозволат “партиски лепенки” на својот грб. Името СУПЕРХИКС е асоцијација за некој кој краде од сиромашните а дава на богатите(во случајот-нашите политичари низ децениите).

Суперхикс одбивале и ќе одбиваат било какви партиски или кампањи кои не кореспондираат со нивниот начин на размислување или делување (НАТО и сл).

Суперхикс е банда во која се респектираат различните ставови на членовите (десни, леви,централни,аполитични) а сепак дејствуваат како ЕДЕН. Суперхикс се секогаш КОНТРА, ако не сте не сфатиле овие 27.

Суперхикс се бенд кој е активен 27 години на територијата на Република Македонија. И на крајот, ако после 27 години и првите тинејџ стихови од првата напишана песна “Police Town” која вика “Police is running on my back about GOVER-NMENT i said F…!” не не познавате….

Ете толку за сега од мене..а подолу коментарите од новинарката кој ни на пресот на здруженијата на музичарите на кој беше најавен и протест, не не удостои макар со напишани 3 реченици и помили и се настапите како вокали Ска на Охрид Фест. Stay tuned!“, напиша Младеновски.

На ова новинарката Валентина даде одговор.

– Денеска од чист мир добив зак анувачка и полна со навреди порака во инбокс од Петар Младеновски.

Потоа ме именувал и на неговиот ѕид, како што ми пратија пријатели. Додека ја подготвувам тужбата ќе мора да ми достави доказ каде јас сум ја спомнала групата “Суперхикс”.

Патем изразувам убедување дека ваков речник на на си-лство врз жена не користи и по дома за да не нарушува нечија психа“, рече новинарката.

И Петар и Валентина објавија принтскрин од пораките, Пеце од коментарите во кои Валентина како што вели тој ја спомнала нивната група, а Валентина од пораката што од Петар ја добила во инбокс.

Фото: Фејсбук принтскрин, Јутјуб принтскрин

Претходна статијаМарија Шерифовиќ ужива во Америка со драга личност, се сончаат заедно покрај базен
Следна статијаСите го паметиме од „Варљиво лето“ а еве која била неговата последна желба