Антониа Гиговска се преполови и откри како тоа и успеало

0

Антониа Гиговска е една од нашите најпопуларни пејачки, во последно време и инфлуенсерки.

Таа е во среќна врска во Иван Јованов, пејачот на Либеро бенд, и во едно интервју за „Точка“, таа раскажа како се запознале.

– Ние се знаеме одамна, само по колегијална линија. Тој знаел која е Антониа, јас сум знаела кој е Иван од Либеро бенд.

Јас имам постар брат кој игра фудбал со Иван, му одел на забави и биле блиски, па така Иван слушнал како пеам уште на 12 години кога ја објавив мојата прва преработка на Јутјуб.

Нашата приказна беше многу интересна. Додека сè уште бев малолетна, Иван ме „внесуваше“ во дискотека. Некоја година подоцна не спои една свадба на која што јас бев повикана да ја отпеам првата песна, а Либеро Бенд и Иван ја свиреа свадбата.

Од првиот момент знаев дека сме еден за друг без разлика какви беа можностите во тој момент.“

Иван е постар од Антониа десет години и во истото интервју таа зборуваше како ги прифатила јавноста со Иван на почетокот, како реагирале на нивната врска.

– Сигурно имало многу коментари кои што јас сигурно не сум ги прочитала од проста причина што сум личност што не обрнува внимание на коментари затоа што животот што го живеам е мој и што и да направам тоа е затоа што јас сакам така да биде.

Сме имале многу проблеми на почетокот, да, многу од моите блиски не ја прифаќаа врската со Иван, но ништо од тоа не можело да влијае врз нас“, реча Антониа.

Таа секогаш отворено зборувала и за својата линија, дека е голем гурман и дека си го сака своето тело какво што е. Антониа им порача на сите дами да се сакаат какви што се.

Пејачката успеа да ослабе повеќе од 16 килограми изминативе месеци, а тоа го стори со многу вежбање, и со специјален начин на исхрана. На оваа тема, таа зборуваше во Репортер.

– Навистина го сакав моето тело какво што е. Немаше посебен момент кога решив да ослабам. Седев дома и сфатив дека сакам да направам нешто со себе“, изјави пејачката.

Таа рече дека секојдневно комуницира со Калудија Адеми, познат бодикоуч од Шпанија која им помогнала и на Ана Бекута и на Инди да ослабат.

Таа ѝ помогнала со начин на исхрана и со вежби, и ѝ била најголемата мотивација да не се откажува. Исхраната на Антониа се сведувала повеќе на овошје и на зеленчук.

Антониа денес објави фотографија од својата совршена фигура, од фитнес сала. Изгледа совршено, а и новата фризура- боја на коса одлично ѝ стои.

Фото: Инстаграм принтскрин

Претходна статијаДали Заeв со право и се јавил на службеничката на граница – еве што вели одлуката на Владата
Следна статијаМарија Шерифовиќ ужива во Америка со драга личност, се сончаат заедно покрај базен