Љубчо и одговори на Катица: Видовме на Ќулавкова што и пречи, но ајде да видиме што не и пречи

0

Академик Катица Ќулафкова, книжевен теоретичар, есеист, антологичар, критичар, универзитетски професор, поет и раскажувач, го прокоментира предлогот од пет точки за решавање на спорот со Бугарија, од поранешниот премиер и поранешен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски.

Денес Георгиевски даде одговор на нејзиниот коментар. Одиме прво со статусот на Ќулафкова кој беше објавен пред три дена:

„Полувистините и полузнаењата ја доведоа Македонија и македонскиот народ во драматична ситуација која се заканува да биде трагична. Толкуваат идентитет на јазик политичари кои не прават разлика меѓу жива реч (наречја, дијалекти, говори) и јазик сфатен како систем (кодифициран и институционализиран стандард).

Фото: Јутјуб принтскрин

Македонската жива реч е древна, автентична и доволно различна (низ севкупната историја) од соседните и др. словенски јазици, што никој нема апсолутно право да ја негира ретроактивно и во име на политичко-лукративни цели.

Згора на тоа, токму врз живата и богата реч на Македонските Словени е направена севкупната црковнословенска кодификација на писмото (азбуката), а тоа е Глаголицата, што токму Македонците, потоа Босанците и Хрватите уште неколку века активно ја користеле во писмената административна, книжевна и црковна традиција, за разлика од Бугарите кои претпочитале да бидат прагматични и брзо се определиле за кирилицата.

Фото: Јутјуб принтскрин

Бугарскиот јазик, кој во својата протоисторија е несловенски и бугарскиот народ кој дури во 9 век се словенизирал јазично, во времето кога и се христијанизирал, е изграден токму врз древниот говор на Македонските Словени, па не може по ниедна логика славо-македонскиот јазик да потекнува од бугарскиот, ниту македонскиот народ од бугарскиот. Вистината е обратна.

Фото: Јутјуб принтскрин

Суштината е што современата бугарска нација е мнозински составена од македонска емиграција и плус македонското домородно население од Пиринска Македонија и преселените од Егејска Македонија. Тие Македонци денес се асимилирани Бугари кои го сочувале својот сон за прататковината, а бугарската држава тоа го користи за остварување на своите хегемонистички цели.

Фото: Јутјуб принтскрин

Тоа е тра умати -чната бугарска стигма и комплекс. И што ќе добие Бугарија со тоа што ќе ги конвертира нас -илно Македонците преку фалсифицирани патни исправи или преку сомнителни договори и неморални изјави на македонски ефемерни политичари? Ништо добро, за жал. А сите би добиле ако престане ова растројство на актуелните политики со негација и самонегација на македонскиот идентитет.

Фото: Јутјуб принтскрин

Само со нормални и добронамерни односи и заемна почит може да изградиме цивилизирани и просперитетни форми на развој и на евентуално поврзување. Секогаш кога Бугарија практикувала агресивен однос спрема Македонија, го губела и она што го имала. Амбиентот што го создаваат и двете страни е опасен и конфликтен, примитивен и патолошки.

Фото: Јутјуб принтскрин

Имаат ли Македонија и Бугарија нормални, добронамерни, дипломатични и мудри лидери кои ќе го надминат овој длабок јаз на примитивност и агресивност? Двајца кога се караат, третиот ќари.

Јас ги почитувам сите Бугари, и „прото“ Бугарите, и мешаните Бугари, и асимилираните и бугаризирани Македонци и Тракијци, и сите оние кои се декларираат како Бугари. И не ѝ замерам на бугарската нација затоа што таа не е виновна што официјалните политики на нејзините државни институции се инфицирани со вирусот на нереалниот и штетен културен хегемонизам.

Фото: Јутјуб принтскрин

Јас, всушност, ѝ замерам на македонската страна која сервилно и робовски, со синџири на нозете, без морал и без идеали, без визија и самоубиствено, им го подметнува грбот на македонската нација на оние структури на моќ, во Бугарија и ширум светот, да го бичуваат до бесвест. Тие не ѝ мислат добро на македонската држава, иако секојдневно се колнат дека тоа го прават за нејзино Добро.

Фото: Јутјуб принтскрин

Од таквото нивно Добро не видовме ни трага, ни глас. Нѐ оддалечија од Доброто, нѐ доближија до бездната. Поради тоа, принудена сум да апелирам, и лично, да престанат да прават непоправливи грешки, да не тргуваат со нашите национални интереси, да не го отуѓуваат неповратно она кое не им припаѓа ним лично, она кое е наследено духовно културно и национално богатство на сите Македонци во Македонија и во дијаспората.“

Фото: Јутјуб принтскрин

Денес Георгиевски го прокомрнтира статусот на Академик Ќулафкова: Одговор на Академик Катица Ќулавкова

„Како можност за разобличување на сите еднонасочни квази патриоти! Го прочитав коментарот на академик Ќулавкова и видов што и пречи. Но ајде да видиме што не и пречи?

Фото: Јутјуб принтскрин

На академик Ќулавкова воопшто не и пречеше антиквизацијата и ако заборавила дека имаше академици кои правеа спој меѓу некаков антички македонски јазик, преку старомакедонски до современ македонски, јас не сум заборавил.

Вакво духовно и научно деградирање на македонскиот народ и правење карикатура од самиот себе уште го плаќаме и политички и со интелектуални лекции што ни ги држат.

Фото: Јутјуб принтскрин

На академик Ќулавкова не и пречи што на повеќе српски портали Блаже Коневски е претствен како Србин од Македонија. И на ниеден блажевист тоа не му пречи. На академик Ќулавкова не и пречи што вториот најголем култ за македонскиот јазик академик Божидар Видојевски до 1944 година беше организатор на чет ни -чкото движење за Македонија и директен оплномошник на Дража Михаиловиќ.

Фото: Јутјуб принтскрин

На академик Ќулавкова воопшто не и пречи што академик Трајко Стаматовски 1988 во „Лик“ предложи дека е време Македонскиот јазик да се вика србско-македонски и да да прогласиме полна билингвалност.

Фото: Јутјуб принтскрин

Овие три култа на македонскиот јазик беа извршители на ув ис -твото на илјадници македонски зборови само затоа што ги потсеќаа на бугарските. Резултат на тој ген оцид на македонскиот јазик е фактот што денес македонскиот јазик е со најмал број на лингвистички единици во целата индоевропска група на јазици. И од друга страна на отворено србизирање на се што трпи во нашиот јазик.

Фото: Јутјуб принтскрин

А сега и едно прашање? Ако Крсте Петков Мисирков е татко на македонската нација и јазик, што е општ прифатен консензус, тогаш што ни се сите преродбеници пред него Миладинови, Шапкарев, Прличев, Зографски, Крчовски, Пејчинович, Жинзифов… И можеби и нема потреба од одговор бидејќи тие самите напишале во насловите на своите книги.“

Претходна статијаРебека има правила кои родителите вреди да ги знаат
Следна статијаНа многумина им капна солза – ученичката Дени на Турунџиева ѝ пее песна за роденден (ВИДЕО)