Лидерот на Гром и поранешен градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, вчера на својот профил на социјалните мрежи напиша:
„Читам четири советници од актуелниот Совет на Општина Центар, земале пари за лечење за свој член од фамилија од буџетот на Општина Центар. Овие одлуки се донесени од истиот оној совет во кој се и тие членови.
Меѓу другите кои земале пари е и Јон Фрчковски, синот на несудениот македонски амбасадор во Вашингтон. Овие одлуки се 102,6 % спротивни на законот за судир на интереси. Советниците кои си донеле одлука да се доделат пари на нивните семејства имаат конфликт на интереси.
Чудно е како секретарот и правната служба на Општина Центар не го советувале градоначалникот да ги стопира овие незаконски одлуки. На потег е Комисијата за спречување на корупција, а можеби и потпреседателот на Владата задолжен за борба со кор упција, Љупчо Николовски.
Наместо да брои вода и кафиња може да се позанимава со своите партиски колеги од Општина Центар.“
На ова не му остана должен Јон Фрчкоски, кој му одговори исто така преку социјалните мрежи:
“Читам” и јас дека Стевчо решил вечерва да се бави со Советот на Центар (пред се со мене лично) па накратко да одговорам:
-Сите надлежни кои ги повика, ги повикувам и јас, слободно да ја испитаат законитоста на ваквите одлуки, и на сите вакви одлуки кои Советот на О. Центар ги донел и во овој и во предходните состави!
-Иако важи за поприлично одвратен во капацитето да ломоти, мислам дека да става во уста Живото-спасувачка, и поприлично тешка и за жал со последици и денес опе рација на мојата тогаш новородена ќерка ева (Сега веќе 9 месечна), е премногу гнасно дури и за Стевчо (срам голем и за медиумите кои се бават со истово, секако);
-Општина Центар во овој мандат помогнала на стотици жители на Центар, во ваква или слична ситуација (посериозна, поблага, различна, материјална поради пожар, земјотрес, поплава и сл.) без разлика на политичко-социјалната позадина на барателот.
Не се фалела со тоа, бидејќи е невкусно и непријатно кпн оној на кого се помага, но ете во мојот случај голема благодарност бидејќи и самиот сум бил предмет на помош од 100.000 денари (за операција и лекување кое чини неколкупати повеќе а не е покриено од фондот или сл.).
И што е најбитно ЌЕ ПРОДОЛЖИ да помага секогаш на оние жители на кои им е потребно.
-Иронично и срамота е што истово писание излегува од ваков лик со целиот негов “габарит” на кри минал и кри -вични при јави…
-За крај, апсолутно никому не му посакувам да се тресе у чекална чекајќи епилог дали му се разбудило детето ниту пак да да му треба средства од донација за ваква работа.“
На ова следеше повторно одговор од Стевчо Јакимовски:
„Слушај мали! Ако некој ломоти тоа е татко ти. 30 години го трпиме и ни се прави паметен. Се што кажал – промашил. Го трпиме него, па да не мислиш и тебе? Знаеш ли колку сиромашни деца со тешки болести имаат потреба од финансиска помош?
По кој критериуми општината одлучила да ти даде тебе, а не на некоја друга фамилија во тешка финансиска состојба? Колку што знам вие не сте социјално загрозена фамилија.
Твоите проблеми си се твои и ничии други и немаш право да ја користиш општината за решавање на своите проблеми. Малку те вработија во ПУИГ, па те ставија и советник и ако може уште нешто да искористиш од државичката.“