Татјана објави видео како Битолчани се веселат за 8. март – со ора со музики со сè

0

Фолк пејачите Татјана Лазаревска и Новица Василевски веќе шест години живеат во Мелбурн, Австралија, заедно со двајцата синови, Петар и Стефан.

Како и сите нејзини колеги, Татјана Лазаревска се радува на повторното враќање на настапите.

Фолк-пејачите имаат изјавено дека од Македонија си заминале затоа што во Австралија заработката е поголема, а настапите секако им биле во дијаспората.

За Новица, Татјана често знае да изјави дека тој најмногу ја разбира и е нејзината најголема поддршка.

Откако почна кризата поради вирусот, музичарите се ускратени за својата основна дејност, настапите. Фолк музичарите се жалат дека нема свадби, нема тезги, нема настапи, нема пари…

Но, во Австралија очигледно дека не е така. Татјана и Новица откако поминаа карантините и кризата работат со полна пареа.

Во прилог на мирната ситуација со вирусот, оди и тоа што таму е сега лето и собирите и веселбите на луѓето се претежно на отворен простор.

Македонците прават свадби и веселби во Австралија, па работата на познатите фолк-пејачи им тргна.

Татјана често објавува лајф видеа како настапува, а последните три кои ги објави се многу интересни.

Таа и Новица пееја македонски песни, оро се виеше, невестата и сватовите беа многу весели.

Но, она што падна во очи се згодните девeруши, облечени сите во сини фустани со длабоки шлицеви.

Новица пееше меѓу убавите деверуши, а Татјана го снимаше, без да покаже трунка љубомора што толку убавици се вртат околу него.

Татјана објави ново видео, и тоа од плажа, со нејзината колешка, Маријана Новачевска, сестрата на Росана..

Двете ужива во сонцето и во убавото време. Додека позади нив луѓе се капеа на плажата, тие си пееја, и тоа песната „Едно срце“ од Маријана и од Росана.

Маријана пред да почне да пее откри „За 30 години, првпат влегов во вода“, а Татјана ја покажуваше атмосферата на плажата. Маријана оваа изведба ѝ ја посвети на сестра си, Росана.

Двете пријателки се сликаа на жешкиот песок во костими за капење, но не објавија слики како се капат.

„За сите вас, а специјално за мојата Росана, моето сонце, моето се“, вели посветата на Маријана за сестра ѝ.

Вчера Татјана објави ново видео, овојпат од Мелбурн. Таа напиша: Битолски бал, по повод интернационалниот ден на жените – 8. март.

Битола е печалбарски град, а во Австралија живеат и работат многумина од градот Битола и неговата околина.

На видеата може да се види атмосфера која наликува на старото нормално, кое во нашата држава за жал, сè уште неможе да се замисли. И не само кај нас, туку и во останатиот дел од Европа.

Но очигледно, Австралиските власти успешно се справуваат и ја држат под контрола пандемијата, а ќе повториме дека во моментов во прилог им одат и временските услови.

Претходна статијаСашо Тасевски: Имам пријатели со 5к примања месечно чија врвна цел се напучени усти и нула достоинство
Следна статијаГеоргиевски денес доби прашање и одговори како ќе се изјасни на пописот – како Македонец или Бугарин