Музичката дива Калиопи, иако долго не одржала концерт во Македонија, е во постојан контакт со своите фанови, и тоа на социјалните мрежи.
Калиопи за life.ba откри по што ќе ги памети деновите во изолација и што научила од истата.
„Единствено ново што ми донесе изолацијата е ограничување на слободата и рушење на нормалниот систем на функционирање“, вели Калиопи и додава дека нејзината домашна рутина не е променета.
Исто како и претходно сакам да ми биде чисто и средено, исто како и пред вирусот често ги мијам рацете, се грижам за личната хигиена, готвам со љубов, се грижам за моите најблиски.
Дури не дозволив да застане мојот креативен свет и мојот контакт со фановите“ вели пејачката.
За време на изолацијата, Калиопи заедно со својот тим смисли забавен, креативен натпревар наречен „Kaliopi Fan Art“ во кој натпреварувачите ги претставуваат своите таленти во пеење, свирење, танцување, цртање…
„Сега кога ќе се погледнам себе во својот дом, гледам дека тој нема повеќе 150m2, туку дека е поголем за илјада километри затоа што со својата љубов, волја, грижливост и со својата музика успеав да спојам луѓе од четири континенти“.
Таа откри што научила за време на пандемијата. „Ако некаде навистина сите сме биле исти и врзани за иста желба, тогаш тоа е сега, во оваа светска изолација“, изјави Калиопи.
На крајот од минатата година, на својот 54 роденден, таа објави фотографија од себеси кога била мала и напиша:
Ако мене ме прашате, не ми е грижа за годините, затоа што таа, малата Опи уште живее во мене и ќе живее засекогаш“, напиша Калиопи.
По месеците поминати во Скопје и без настапи, таа на крајот од јануари објави слики од плажа, како боса чекори и ужива во морскиот воздух. Минатата недела, Калиопи беше во Белград и се дружеше со српската фолк-пејачка Милица Тодоровиќ.
– Пред заминување. Мојата Милица Тодоровиќ стана рано поради мене, да ме испрати. Една од повеќето причини зошто ја сакам“, напиша Калиопи.
Таа на Инстаграм најави дека подготвува нешто ново, но објави и дека пешачи и ја одржува формата. Калиопи се сретна со две свои драги личности и ја раскажа целата приказна:
– Каква ноќ! Каква можност е во овој голем град навечер да прошетам и да ја завршам мојата дневна доза од 10 км и да ги сретнам моите две самовили со прекрасни гласови како седат на клупа и разговараат !!!
Прво викавме од радост, а потоа пеевме! Еве го споделувам со вас!
И ништо не е случајно, велат тие. Се согласувам. Наскоро ќе започнеме да се подготвуваме за концертот со целосно нов концепт.
Знате што ? Животот е тежок, но во исто време е многу убав !!“, напиша Калиопи и објави видео како со своите придружни вокали го пее нејзиниот голем хит „Дали ме сакаш“.
Фото: Инстаграм принтскрин