Пејач Милица Павловиќ својата музичка кариера ја започна во натпреварувањето „Гранд arsвезди“, а на сцената е веќе десет години. Денес таа важи за една од најубавите пејачки на домашната естрада.
Атрактивна, згодна, пожелна, постојано е во фокусот и на публиката и на медиумите, како со своите песни и видеа, така и со својот неодолив изглед. Со своите извајани пропорции, српската фолкерка Милица Павловиќ жари и пали не само на српската, туку и на регионалната сцена.
Сепак, многумина или не знаат или не се сеќаваат како изгледала пејачката на почетокот на нејзината кариера. Тогаш младата талентирана девојка се пријави на аудицијата за музичкиот натпревар „Ѕвездите на Гранд“ додека уште беше девојче.
Таа сега важи за една од нјпопуларните српски пејачки, привлекува големо внимание и коментари во јавноста откако се појави на балканската музичка сцена.
Дали е поради изгледот, дали е поради своето танцување и песни, сепак таа се најде на самиот врв на сцената.
Иако важи за убава и привлечна девојка, Милица никогаш не ја премина границата на добриот вкус. Но, овој пат, за потребите на едно снимање, таа направи исклучок. Носеше само долна облека и мрежести хулахопки..
Станува збор за песната „Црна Јутра / Балкан СМ“, со која таа всушност го најавува своето актерско деби во најочекуваната серија оваа година „Певачица“, во која ја играше главната улога.
Пејачката Милица работеше на серијата четири месеци, а ја игра улогата на девојка која стана огромна sвезда, споменатата песна ќе биде претставена како дел од серијата.
Во ситуација кога голем број нејзините колеги решија да паузираат во последните месеци кога станува збор за објавување песни, поради целата ситуација со вирусот, Павловиќ сними и високобуџетен спот за оваа песна, со што целосно ги изненади нејзините обожаватели.
Публиката, особено нејзините фанови навистина може да уживаат во песната, но и во цеиот спот кој има навистина прекрасни и жешки кадри.
Една од најдобрите српски пејачки на младата генерација, Милица Павловиќ со секој пост на социјлните мрежи предизвикува лавина од коментари на сметка на нејзиниот изглед.
Па така на Инстаграм реши да одговара на пофалби и прашања кои што ги доби од своите фанови, а една пофалба дојде од фан од нашата држава и гласеше
-Не можам да ја престанам да ја слушам, песната кине, помеѓу првите е во Македонија, на што Милица напиша: Те гушкам до небо тебе и цела Македонија со тебе заедно.
Деновиве популарната пејачка проговори за една анегдота од почетокот на нејзината кариера. Иако сите ја знаеме по име и презиме, малку е познато дека на почетокот во „Звезда Гранда“, таа доби интересен предлог за уметничко име.
Имено, како што откри, Саша Поповиќ и предложил уметничко име, за кое Милица не сакала ниту да чуе.
– Кога го потпишав договорот со Гранд, Саша Поповиќ ми рече дека моето име, Милица Павловиќ е досадно, па затоа треба да бидеш Милица Павловиќ-Мими:
-Одиме на подготовки за Звезда Гранда и јас почнувам да плачам и да врескам како тоа да бидам Мими? Но тогаш цврсто одлучив. Утре ќе одам кај Поповиќ и ќе му кажам дека сакам да си останам здодевната Милица Павловиќ – изјави пејачката во шоуто Шок Ток.