Сефер засвири на клавир и порача: Дури и мојот Мелек не верува во правда (ВИДЕО)

0

На семејството на Сефер Цаноски во изминатите години му се случија многу непријатности. Почнувајќи од за-творањето на А1 телевизија, како и за-творањето на неговата поранешна сопруга и нејзиниот татко, а потоа и ури-вањето на нивниот објект „Космос“.

Фијат и Сефер Цаноски во многу наврати ја искажаа, според нив неправдата која им била нанесена од претходната власт на чело со Никола Груевски, а по промената на истата во 2017 година, тие не го криеја задоволството и олеснувањето, но и поддршката кон новата гарнитура на чело со премиерот Зоран Заев.

Сефер Цаноски пред околу три месеци му посвети статус со поддршка на премиерот Заев, после неговото интервју за бугарската агенција БГНЕС, по кое беше изложен на низа критики во јавноста, па дури и оградување од неговите политики од поранешниот претседател на СДСМ и на државата, Бранко Црвенковски. Во таа прилика Сефер Цаноски, сопственик на ФОН универзитетот, напиша:

„Лесно е да кажеш Ф -АК ОФ на сите. И да тераш друг пат од европскиот. Ама да си држава како Швајцарија со пари богата. Или пак како Арапите со нафта и гас. Или пак да бевме како Израелците и да се држиме како едно“ – разочарано нашиша тој и дополни:

„Ќе ги разберев повиците за откачување на ЕУ и НАТО и сите по список , ама да сме тоа што не сме. Можевме да бидеме. Но не сме. Најмногу поради политиките кои се водеа во минатото.

Каде патриотите од ВМРО си го кра-деа и осиромашуваа народот додека нивните лидери си правеа миљарди. Патриотите од СДСМ пак во минатото и транзицискиот период каде еден куп компании од бившата Југославија си ги распосла на своите, а вработените на улица.

Таа лажна политика отселуваше, ру-шеше и нè држеше во неизвесност. Се прашуваме зошто народот посегна по бугарски пасоши? Дали поради чувството дека се Бугари? Не.“ – закучува тој во пишаното и продолжува:

„Не е ни за лев туку за евро и леб во некоја европска држава, таму каде што треба да одиме како држава. Ете тоа е чувството кое резултираше со масовно отселување и споб удал-ување на нашиот народ о-тру-ен од лажен национализам.

Сега овие години имаме лидер кој ветуваше и ветува. Кој ризикува и исполнува. Кој се бореше и се бори. Кој е различен, директен и отворен. Кој како и секој човек знае да згреши и да се извини.“ – вели во својот статус Сефер и продолжува:

„Дали е совршен? Не е. Дали е предав-ник ? Не е! Таквите се отселуваат на Дунав. Покажа на дело и ја отвори затворената перспектива на државава кон светот. Ги откачуваше и откочува кочниците. Донесе демократија и слобода. Затоа сега можат слободно секој да го критикува и него и власта.

Да беше Грујо ќе имаше цензура. Ќе имаше ст рав. Ќе имаше зат-во-рања. Пре-тења. Ќе имаше лошо… Може да го сакате или да не го сакате. Може да го почитувате или да не го почитувате. Јас и мојата фамилија лично се бориме за правда веќе 10 години и имаме можеби право и да се лутиме на оваа власт што сè уште не донесоа правда.

Ама гледам дека судските процеси се движат, нешто се прави да се оди напред со сите препреки. И затоа верувам дека во секоја друга област од политиката која овој човек ја води прави максимум и повеќе од што ние, деструктивен и депресивен народ реално заслужуваме. Верувам повеќе во него одколку во било кој друг политичар во моментов. Поддршка!“

П.С. На сликава со грчкиот европратеник, со нобелката Бушамауи, дадовме поддршка за решавање на спорот со Грција. И се реши. Влеговме во НАТО. Сега е време за ЕУ. Таму ни е местото.“

Изминатите неколку денови, јавноста беше сведок на своевидна фарса, околу бег-ството и појавувањето на поранешниот директор на УБК и висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Мијалков.

По сите прес конференции и префрлување на топката околу евентуалната одговорност меѓу извршната власт и обвинителството, Сашо Мијалков се појави во центарот на Скопје и даде изјава за една телевизија, во која кажа дека бил во изолација, не му било добро и не знаел дека го бараат.

Притоа тој се извини на сите, вклучително и премиерот, а потоа влезе во обвинителство, кое му го врачи решението за куќен при-твор. Реакциите во јавноста не стивнуваат, а многумина се разочарани од ваквите настани.

Сефер Цаноски вчера објави краток статус, илустрирајќи го со видео и потпевнувајќи стихови од неодамна упо-ко-ениот Балашевиќ, се чини со последна надеж ги замолува судските и владеачките инстанци, да не им ја ру-шат надежта на оние кои сè уште веруваат во нив:

„Дури и мојот мелек не верува во правда… Ние нашите генерации имаме обврска да се бо-риме не само за правда туку и за правичност и иднина. Имаме одговорност и обврска кон идните генерации да им направиме подобра иднина и подобра држава. Драги вла-стодршци ( извршна, судска и законодавна) Не ло-мете ни ја иднината…“

Претходна статијаДрагана Мирковиќ од Австрија ѝ упати емотивни зборови на Тања
Следна статијаАнтониа има само 15 години, а го поправа училишниот кров