Гоце Николовски доби улица со свое име, Сариевски, Војо, Пепи, Арнаудов не

0

Од осамостојувањето до денес, народот ги пее песните на тројцата великани кои не се повеќе меѓу нас, Гоце Николовски, Војо Стојановски, Пепи Бафтировски, Гоце Арнаудов. Нив повеќе ги нема, но нивните хитови ќе останат за навек.

Исто така, наша голема музичка легенда е Александар Сариевски, Тој е композитор и текстописец на познатата песна „Зајди, зајди јасно сонце“.

Во своите песни, тој ги опеал родниот Галичник, невозвратената љубов, печалбарството, а познат е и по многуте хумористични песни. Неговиот музички опус претставува дел од македонското културно богатство. Исто така, Сариевски е еден од основачите на ансамблот „Танец“ со кој постојано патувал низ светот, ширејќи го оригиналниот македонски народен мелос.

Сариевски е најмногу запаметен по интерпретацијата на следниве песни: „Зајди, зајди јасно сонце“, чиј автор е, „Учи ме мајко, карај ме“, „Јовано, Јованке, „Море сокол пие“, „Дејгиди луди млади години“, „Абер дојде, Донке“, „Зајко кукурајко“, „Кандисал Ајрудин паша“ и многу други. Исто така, тој компонирал и поголем број песни, како Врати ни се мило чедо.

Гоце Арнаудов е роден во Струмица на 19 август 1954 година. Тој уште на десет годишна возраст почнал да свири на гитара и да пее во групата на неговиот татко.
По завршувањето на средното образование ја формирал групата „Крик“, со која се претставувале низ цела поранешна Југославија.

Гоце во Македонија се вратил во 1993 година и за кратко време ги освоил симпатиите и признанијата на својата публика и на музичката критика и каде и да учествувал предизвикувал еуфорија, а на сите фестивали ги освојувал првите места.

Во 1994 година на Фолк фест – Валандово со песната „Дали чекаш стара мајко“ ги освоил сите можни награди и веќе дваесет години е меѓу омилените песни во македонскиот фолклор.

Гоце Арнаудов има напишано над 200 песни,учествувал на стотина фестивали, од кои на преку 60 има добиено прво место. Во рамките на пет години бил прогласуван за најпопуларната личност на Македонија.

Учествата на фестивалот Фолк-фест Валандово му донеле 22 награди, а неговите песни многупати ги имаат добиено наградите на публиката и на телевизискиот аудиториум. Неколкупати станал сопственик на наградата за интерпретација на најголемиот пејач „Никола Бадев“ на фестивалот „Гоце Фест“.

Често во Европа, Америка и Австралија учествувал на добротворни концерти. Во 2000 година, во својот роден град Струмица, Арнаудов направил концерт на стадионот и собрал 10 илјади публика, а раководството на областа му дала награда за пејач на деценијата и за почесен граѓанин.

Гоце Николовски е познат македонски пејач на народна музика. Познат е по својот голем хит „Бисер балкански“. Гоце Николовски е роден во 1947 година во Скопје, Македонија. Музичката кариера ја започнува со шеснаесет години во градот Ниш, каде што живее.

Победник е во тогаш популарната емисија ” Максиметар ” и уште тогаш ја навестува својата музичка кариера. Почнува во групата ” Рубинси ” , но многу брзо преминува во тогаш најпопуларната нишка попрок група ” Далтони “.

Славата на оваа група се шири по Југославија, а нивната песна ” Рука од сна “, и денес често може да се чуе на нишките радио станици.

Својата популарност како музичар и пејач во Македонија ја достигнува во 1990 година кога на Фолк Фест Валандово за прва пат ја изведува легендарната македонска песна Бисер Балкански. Песната ја доби првата награда на фестивалот во конкуренција од повеќе изведувачи од Југославија.

Војо Стојановски е македонски музичар, автор и пејач на народна музика. Тој беше и поранешен пратеник во Собранието на Република Македонија. Живееше од музиката и за музиката.

Негови најпознати песни кои оставија трага во македонската народна музика се: „Ти донесов млада невеста“, „Свадба голема“, „Една мисла имаме“…

Војо Стојановски е роден на 2 февруари 1949 година во кичевското село Букојчани. По петте девојчиња родени во големото семејство на Драган и Олга, тој бил првото машко дете, а потоа се родиле и неговите два брата.

Како прво машко дете, тој бил миленик на татко му, од кого ја наследува љубовта кон песната. Со воодушевување како мал ги слушал прекрасните гласови на неговиот татко и чичко, кои знаеле заедно да запеат стари народни македонски песни.

Војо замина во 2014 година, а неговиот син Дамјан го наследи во музичките води. Неговиот глас и стил на пеење, во многу наликуваат на неговиот татко.

Пепи Бафтировски беше еден од најпознатите фолк пејачи на македонската сцена. Се прослави со песната „Сине мој“ која ја снимаше на почетокот од деведесеттите години на минатиот век, како повратник од печалба во САД.

Но и покрај тоа што беше голема ѕвезда во својата држава, Пепи не беше задоволен од третманот на луѓето од естрадата во Македонија и повторно реши да замине „преку големата бара “, но овој пат со сопругата Ава Керш, ќерката Марина и синот Емил.

Тој заедно со семејството во Америка заминува во 2003 година каде е решен да започне нов живот. Но, по неколку години заеднички живот во туѓина, Пепи и Ава ќе се разделат во 2007 година, а по некое време пејачот ќе поч ине.

Пепи и Ава до последниот момент останале блиски, иако беа разделени и не живееја заедно. Последните години, како што велат неговите пријатели тој ги поминал сам, не јавувајќи се никому.

Град Скопје денеска по азбучен ред објави долг список на улици кои ќе ги носат имињата на многу наши, странски и балканскки уметници, писатели, спортисти…

Меѓу нив, од странските уметници се групата „Квин“, пејачот Дејвид Боуви, германскиот филозоф Ниче Фридрих, од балкнаските на пример ќе има улица посветена на актерот Љубиша Самарџиќ…

Потоа, од домашните, тука се групте „Лева патика“, „Мизар“, легендарните пејачки Есма Реџепова, Нина Спировс, Вања Лазаревска, бизнисменот Енвер Малиќи кој беше заменик градоналаник на Скопје, драматургот и писател Горан Стефановски, писателите Петре М.Андеервски, Блаже Конески. На долгата листа има вкупно 571 име.

На листата е и легендарниот пејач Гоце Николовски. Откако излезе списокот, на социјалните мрежи веднаш почнаа реакции од оние кои не го заборавиле делото на Александар Сариевски, Гоце Арнаудов, Пепи Бафтировски, Војо Стојановски.

Луѓето кои реагираат го поддржуваат тоа што Гоце Николовски ќе добие улица, но реагираат како Град Скопје можел да ги заборави и другите великани, особено Сариевски.

Целиот список на заслужните кои ќе добијат улици со свои имиња можете да го погледнете ОВДЕ.

Фото: Јутјуб принсткрин

Претходна статијаОгнен Здравковски го истетовира ликот на Џорлев: Вујче мој ќе живееш секогаш со мене
Следна статијаОткриено зошто Балашевиќ веќе десет дена е во болница