Откриено зошто Балашевиќ веќе десет дена е во болница

0

Ѓорѓе Балашевиќ, или како што фановите и пријателите го викаат Ѓоле, е легенда на балканските простори. Тој има напишано и испеано песни со кои многумина се идентификуваат.

Песните на Ѓоле се како цели филмoви, особено „Прича о Васи Ладачком“, „Јесен стиже дуњо моја“, „Не волим јануар“, „Лепа протина кчи“..

Балашевиќ го нарекуваат и Панонски морнар, затоа што е по потекло од Војводина и живее во Нови Сад.

Ѓорѓе Балашевиќ пред две години преживеа срцев удар и беше хоспитализиран на Институтот за кардиоваскуларни заболувања во Сремска Каменица, каде му се вградени стентови.

– Балашевиќ се чувствува добро и наскоро ќе биде пуштен дома, изјавија од Институтот тогаш. Балашевиќ тој ден требаше да настапи во Крагуевац, но концертот е откажан.

– Драги жители на Крагуевац и останатата екипо, кои вечерва требаше да дојдете на концертот… Жал ми е што Ве известувам дека вечерашниот концерт е одложен, објави ќерката на Балашевиќ, Беба Балашевиќ.

Таа додаде дека „животот понекогаш прави планови без нас и се потпира на нашето разбирање и што друго ни останува… а здравјето е сепак најважно“.

– Ѓоле кажа дека ќе донесе лекарско уверение ако има потреба, а јас се сомневам дека вие некогаш ќе му го побарате, порача Беба Балашевиќ.

Балaшевиќ, кој има 67 години, изминативе десет дена има проблеми со здравејто, и беше хоспитализиран во Нови Сад. Медиумите пишуваа дека заболел од вирусот корона.

Изминативе денови тој имаше проблеми слични на оние предизвикани од вирусот, но тој се јави на лекар само кога се влошија.

Тој веќе неколку дена се лекува на Инфективната клиника, поради билатерална пневмонија, но се чувствува добро и нема позначајни проблеми.

Според изворот, славниот пејач денес имал телефонски разговор со семејството по појадокот, а потоа комуницирал со лекарите, со кои дури и се пошегувал.

Тој е добро расположен и не се жали на никакви проблеми.

Според изворите, семејството Балашевиќ е многу загрижено за здравствената состојба на музичарот, но тие веруваат дека тој ќе биде добро и тие се многу благодарни за грижата што ја добил од докторот и другиот персонал во болницата.

Фото: Јутјуб принстскрин, Официјална Фејсбук страница на Ѓорѓе Балашевиќ, Фејсбук профил на Беба Балашевиќ

Претходна статијаГоце Николовски доби улица со свое име, Сариевски, Војо, Пепи, Арнаудов не
Следна статијаЖената на Шабан Шаулиќ, Гордана, земала 200 илјадарки за осигурување?