Се смирува ли „бранот“ во Македонија – Филипче втор ден по ред известува за мал број позитивни

0

По фотографиите од изминатиот викенд, кога во туристичките места можеше да се видат масовни собири, без почитување мерки, професорот д-р Драган Даниловски, нашиот најреномиран епидемиолог, вчера за телевизија Сител, даде појаснување околу евентуалната можност за зараза на плажа, односно на отворен простор.

На прашање од новинарот, дали ни се закануваат нови жаришта на ковид-19 поради непочитување на мерките, Даниловски одговара:

-Непочитувањето на мерките и неодржувањето на социјална дистанца и неносењето маски, во принцип претставува голем ризик фактор за ширење на заразата.

Меѓутоа, од друга страна, добро е што тие журки се случуваат на отворено, каде што бројот на вирусите секогаш се редуцура заради воздушното струење. Па така, јас очекувам да има благ пораст на бројот на заболени, но не би требало тоа да биде кат астр офално покачување.

Во прилог на ова предвидување на професорот, оди и денешниот извештај за состојбата со пандемијата во изминатите 24 часа. Тој втор ден по ред информира за поголем број оздравени, во споредба со нови позитивни,. Денес, таа бројка е скоро двојно поголема.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 136 оздравени пациенти и тоа во Скопје 50, Куманово 16, Прилеп 2, Тетово 5, Струга 28, Охрид 18, Гостивар 2, Крушево 1, Кочани 1, Македонски Брод 1, Кратово 1, Свети Николе 10, Кичево 1.

Досега во земјата се направени вкупно 106877 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11202, бројката на оздравени пациенти е 7108, на поч инати е 505, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3589.

Во последните 24 часа се направени 830 тестирања, а регистрирани се 75 нови случаи на ковид-19 во Скопје 32, Куманово 4, Штип 5, Тетово 7, Кавадарци 8, Гостивар 8, Струмица 1, Кочани 1, Пробиштип 2, Македонски Брод 2, Виница 1
-Свети Николе 1, Кичево 2, Неготино 1.

Поч инати се 5 лица, пациент од Скопје, два пациенти од Куманово, пациент од Гостивар и пациент од Охрид.

Претходна статијаСепак, има каде да одат на море Македонците – никој не ви бара тест, а и цените се пристојни во Албанија
Следна статијаЗаев ги соопшти принципите според кои ќе формира влада – помала администрација и помалку министри