Заев ги соопшти принципите според кои ќе формира влада – помала администрација и помалку министри

0

Собранието на денешната конститутивна седница на предлог на Верификациската комисија ги верификуваше мандатите на 120-те пратеници на десеттиот парламентарен состав избрани на предвремените парламентарни избори одржани на 15 јули.

Јагода Шахпаска, претседателката на Верификациската комисија, што денеска ја избра Собранието на првата конститутивна седница, рече дека Комисијата констатира оти нема основ за оспорување на изборoт на ниту еден од 120-те пратеници.

Верификациската комисија, пред да го достави Извештајот и предлогот за верификација на мандатите на пратениците го разгледа Извештајот на Државната изборна комисија (ДИК) oд спроведените предвремени избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија, одржани на 15 јули 2020 година, врз основа на кој ги донесе својот предлог.

Конститутивната седница на новиот парламентарен состав се одржа во салата Голема купола согласно здравствените протоколи за заштита од ширење на ковид-19. На оваа седница од 120-те пратеници не присуствуваа само тројца.

„На претседателот на Владата и на членови на Владата на кои денеска им беше верификуван мандатот за пратеници цсогласно член осум став 1 од изборниот законик им преставуваат функциите во Владата заради обезбедување констинуитет во работата на Владата на РСМ според член 93 став 5 од Уставот Владата останува на должност до изборот на нова Влада“, рече претседателот на поранешниот состав на Парламентот Талат Џафери, кој ја водеше седнцата.

По конституирањето на новото Собрание, лидерот на СДСМ Зоран Заев кажа дека за среќа може да формира влада и со ДУИ и со Алијансата, но треба да се види „дали може да се очистат одредени национализми”, за да може секој во таа идна влада да му служи на секој граѓанин.

Но, рече дека зависи со кого ќе формира коалиција најмногу и од следните постулати, кои ќе им ги постави на двете албански партии во преговорите за ново парламентарно мнозинство:

„Разговараме за расчистување на судството, од вгнездените сваровски судии, за истражување на стекнатиот капитал на сите функционери, зборуваме за помал број министри, за 20 проценти помала администрација, за генерална реформа на администрацијата, разговараме за економијата во прв план, за здравството, екологијата која е есенцијалната тема, ќе видиме со кого ќе се најдеме на патот во преговорите”, рече Заев, а пренесува сдк.мк.

Министрите без ресор, иако не сите, ќе бара Заев да се укинат. За премиер рече треба да имате бројки, а со 15 пратеници, ДУИ не може да бара премиер.

На прашање дали уште смета дека ДУИ треба да оди во опозиција и дека нивниот глас не вреди ни пет пари, тој кажа дека граѓаните кажаа преку резултатите за кого гласале.

Претходна статијаСе смирува ли „бранот“ во Македонија – Филипче втор ден по ред известува за мал број позитивни
Следна статијаМицкоски не се откажува од формирање влада: Следните денови ВМРО ќе се обиде да создаде мнозинство