Сашо Тасевски: Само голтате бумбари – нека заврши коронава, ќе сфатите што зборам

0

Филип Петровски, поранешниот функционер на ВМРО-ДПМНЕ, на „Само Вистина“ на „Канал 5“ ТВ изјави дека се наоѓаме на непозната територија во однос на ситуацијата со коронавирусот и на никој нему е јасно како треба да се справи со неа.

– Вакво нешто не сум сретнал за мои 47 години и никој не се сеќава на ваква криза, на ваков глобален предизвик и треба да прецизираме дека се наоѓаме на непозната територија и на никој нему е јасно како треба да се справи.

Нашите власти немаат искуство како да се справат и како што самиот министер постојано нагласува дека тие учат од странски искуства. Не знам како сето ова ќе заврши бидејќи другите држави се уште немаат јасна претстава што треба да се прави за завршување на овој глобален феномен, смета тој.

Според него, некои светски држави сметаат дека ситуацијата ќе доведе до колапс на светските економии.

– Неколку милијарди луѓе се во карантин а стотици милиони работни места се доведени во прашање. То се однесува и на македонскиот пример. Многу луѓе и нивната егзистенција се доведени во прашање и мора да се најде еден соодветен модел, како сето ова да се надмине што побрзо.

Најдобар одговор што може да го даде било која власт, а и оној што му е мил животот е таа социјална дистанца и одржување хигиена. Ако продолжиме со карантинот, ќе се доведеме во ситуација целосно да колабира македонската економија, вели Петровски.

Со своја реакција на социјалните мрежи се јави Сашо Тасевски кој напиша:

Братов Филип Петровски на Саде Вистина, само што спомна дека уште имаме уставни судии, поранешни соработници на тајните служби, одма беше прекинат. А бе со лизгачки старт беше прекинат. Кај смее тоа јавно.

Толку од желби и надежи за демократска слободна држава. Тоа никогаш нема да бидеме. Ние имаме сериозни срања што сме ги турнале под тепих за везден, со децении ги туркале, па дали сега криеле податоци за короната, дали ве возат со меркиве, тоа е мачкина кашлица.

Полициска држава сме и ќе бидеме во уште поширок формат. Еве почна со Апликацијата за следење заразени и здрави што ви ја нуди Дечконо.

И сега бараат масовно да ја симнете, тераат кампања. Безопасна била за вашата приватност. Беда. Само голтате бумбари. Нека заврши коронава, ќе сфатите што зборам.

Претходна статијаЉупчо Георгиевски: Сега треба да бидеме среќни што живееме во Македонија
Следна статијаПрв од Европските лидери се огласи Макрон и објави до кога ќе трае карантинот во Франција