Министерот за здравство, Венко Филипче на денешниот прес во владата информираше за најновата состојба со Крорна вирусот.
Претходно во денот тој на својот профил на социјалните мрежи ги објави податоците за изминатото деноноќие:
,,Во изминатото деноноќие се потврдени 46 нови случаи на Ковид 19. Со ова бројката на дијагностицирани случаи во државата е 663 лица. Новопотврдените случаи се во градовите: Скопје –12, Куманово – 13, Прилеп – 8, Тетово -1, Струга – 2 , Велес – 8, Кочани – 1, Пробиштип – 1.
Во изминатото деноноќие направени се 341 тест. Досега во земјата се направени 6.571 тестирања на Ковид-19. Поч инатата родилка од Куманово, за која што вчера попладне информираше Министерството за здравство, ќе биде евидентирана во денешниот извештај на ИЈЗ.”
Филипче на пресот информираше за првиот случај на заразен и починат во затв орот Шутка. Тој нагласи дека човекот поч инал од срцев удар, но потоа му бил направен тест на Ковид-19, на кој бил позитивен.
Министерот Филипче извести дека денес биле отворени понудите за респиратори, а предност при изборот на најповолен понудувач ќе има фирмата која ќе понуди најкраток рок на доставување.
Венко Филипче уште еднаш, како и пред неколку денови потенцираше дека симптомите на болеста се брзи и силни, таа зафаќа многу органи и практично најновите испитувања велат дека кај 97 проценти од случаите респираторите не ни помагаат.
Министерот Венко Филипче на денешниот прес разреши една голема дилема која провејува на социјалните мрежи, не само кај нас, туку и во други држави, а тоа е дека во овој период, сите кои ќе поч инат, се ставаат во ист кош, а тоа е дека поч инале од Ковид-19:
-Воопшто не е така. Едноставно, за секој за кого се кажува дека поч инал од Корона вирусот, тој бил позитивен на тестот. За поч инати од други заболувања се водат исто така статистики, кои можете да ги добиете од соодветните институции, како Завод за статистика на пример, одговори Филипче на новинарско прашање.