Доколку живеете во Австралија внимавајте за Велигден – казните ќе бидат ригорозни

0

Како и секаде во светот, така и во Автсралија се воведоа остри мерки против ширењето на заразата со Ковид-19. Мерките за седење дома се препорака и во оваа земја.

Австралиските власти се заканија денес со остри парични, па дури и затворски казни за оние кои без добра причина ќе бидат надвор од своите домови за време на велигденските празници, со надеж дека така ќе го запрат ширењето на коронавирусот.

Премиерот Скот Морисон во велигденската порака пораче: „Овој Велигден остануваме дома. Не патувајте, не одите никаде“.

Сојузните влади предупредуваат дека оние што ги кршат забраните и одат на непотребни патувања, ќе бидат казнети со над 1.000 австралиски долари и до 6 месеци затвор.

17-годишна девојка и нејзината мајка која ја учела да вози, биле казнети со казна од 1.652 долари за секоја, откако минатата недела полицијата во Викторија го запрела нивното возило, јави Њус Лимитед. Казната подоцна била укината откако веста стигнала до локалните медиуми.

Во меѓувреме, тасманиската полиција најави дека хеликоптери и дронови ќе ги следат возилата за да се следат сите кои се на пат без добра причина.

Полицијата на Нов Јужен Велс, наводно, казнувала луѓе што седеле на клупи во парк наместо да вежбаат, при што повеќето плажи во Сиднеј се затворени за да се спречат групни собири.

Владата на Нов Јужен Велс започна да казнува со казни од 5.000 долари за сите што плукаат или кашлаат на болничкиот персонал или на полицијата, откако биле пријавени неколку инциденти.

Се верува дека строгите мерки за изолација постигнале одреден успех, бидејќи во последните 24 часа во Австралија се регистрирани само 100 нови случаи на зараза, што е најнизок број забележан во последните три недели. Во Австралија досега се забележани 6.104 случаи на зараза и 52 см ртен случај.

Претходна статијаЃорге Давид излекуван и пуштен дома, но не смее да излегува – тој објасни кога ќе може да прошета надвор
Следна статијаКорона влезе и во Шутка, а Филипче ги разреши дилемите кои се шират по социјалните мрежи