Доказ дека никој не е заштитен од Корона: Досега најмлада човечка загуба во Македонија

0

На Клиниката за инфективни и фебрилни состојби во Скопје по чина едно лице од Куманово на возраст од 73 години. Во својот стан во Кавадарци е пронајдено по чинато лице на возраст од 44 години, кај кого постмортем е земен брис и истиот вчера потврдил присуство на вирусот. Во денешната статистика е вметнат и пациентот кој вчера почина на пат кон болницата „8 Септември“.

Од Клиниката за инфективни и фебрилни состојби во Скопје денеска се испишани 5 оздравени пациенти, кои по два негативни контролни бриса, во добра општа состојба заминуваат дома. На оваа Клиника примени се 4 нови пациенти, а во моментов се хоспитализирани вкупно 66 пациенти, од кои 7 пациенти се на механичка вентилација.

Во болницата „8 септември“ примени се 4 нови суспектни пациенти на коронавирус. Вкупната бројка на позитивни и суспектни на Ковид-19 во оваа болница е 26 пациенти, од кои 8 се во тешка состојба, а 3 пациенти се на респираторна машина.

Во болницата во Штип нема нови примени пациенти на болничко лекување. Во моментов се хоспитализирани 4 пациенти, од кои 1 пациент со средно –тешка клиничка слика со пневмонија и 3 стабилни.

Во болницата во Битола исто така нема прием на нови пациенти. Во моментов 4 пациенти кои се на хоспитален третман се стабилни.

Во изминатите 24 часа, регистрирани се 18 нови случаи, позитивни на коронавирусот. По градови: Скопје – 7, Куманово – 2, Прилеп – 4, Битола – 2, Кавадарци -1 (починатиот), Крушево – 1 и Кочани -1. Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 617 лица.

Според местото на живеење, досега случаи на Ковид -19 се регистрирани во: Скопје – 261, Куманово – 130, Дебар – 49, Штип-20, Прилеп – 38, Тетово – 29, Струга – 28, Велес – 10 ,Битола – 8 ,Охрид – 3, Кавадарци – 3, Гостивар – 4, Гевглелија – 4, Струмица – 2, Крива Паланка-3, Радовиш – 4 ,Крушево – 3 и Кочани – 18

Во изминатото деноноќие направени се 351 тест. Досега во земјата се направени 6.230 тестирања на Ковид-19.

Денеска нема да се одржи редовната прес-конференција, но одделението за односи со јавност е отворено за сите новинарски прашања и истите ќе бидат одговорени во најкус можен рок

Министерството за здравство со големо жалење ја информира јавноста дека предмалку по чина родилката позитивна на Ковид-19 од Куманово на 27 години. Таа на 30 март на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје роди недоносено машко новорoденче, негативно на вирусот.

Родилката беше префрлена на Инфективната клиника на 31 март поради влошена клиничката слика и отежнато дишење. И покрај напорите на лекарите, брзиот и агресивен развој на болеста беше фатален.

Клиниката за гинeкологија и акушерство информира дека бебето е во добра состојба, се уште е на интензивна нега и под постојан надзор на тимот од клиниката.

Претходна статијаМинистерот Филипче денес со добри вести – драстично намалување на бројот на заразени
Следна статија(ВИДЕО) Љупчо Златев запеа па порача: Се надевам дека ќе ви се допадне