Се огласи газдата на теретаната пред која беше сликан Мицкоски и откри зошто Христијан бил таму

0

Мирко Петровски е еден од најуспешните бодибилдери во историјата на овој спорт кај нас. Тој ги поседува највисоките светски лиценци во боди билдинг. Неговата теретана, која се наоѓа во скопски Капиштец, е една од најреномираните во нашата држава.

Освен вежбање, членовите добиваат комплетна поддршка од стручни лица (професори по физичка култура), како за процесот на вежбање, така и за исхраната и комплетниот начин на здрав живот.

Во текот на вчерашниот ден, некои медиуми објавија фотографија од лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски, во близина на теретаната на Мирко Петровски, Пројект Фит. Веднаш беше нападнат сопственикот, дека не ја почитува забраната за работа, а лидерот на опозицијата дека ги крши мерките за борба против Корона вирусот.

Оние кои ги познаваат Христијан Мицкоски и Мирко Петровски, знаат дека и двајцата потекнуваат од скопската населба Карпош 3, дека се генерација и добри другари. Очигледно е дека во недостиг на информации, некои медиуми и членови на владеачката партија избрзаа со обвинувањата.

Ова е рекцијата на Петровски:

,,Почитувани пријатели, Почекав да помине лудилото кое вчера го зафати дел од медиумскиот простор и во врска со написите со мојата теретана кој е личен мој бизнис кој го работам со децении и преку кој егзистирам јас и моето семејство, во тој контекст сакам да го истакнам следното.

Со Христијан Мицкоски или како што го нарекувам профа се знаеме од мали нозе, и тоа пријателство никогаш не се поврзувало со политика која мене не ме интересира.

Тој како и многу мои пријатели вежба во мојата теретана се до почетокот на заразата со корона, каде јас како и многумина од оваа бранша ставивме клуч на врата. Но тоа не значи дека моите контакти престанаа.

Мицкоски дојде во тетретаната да си ја земе опремата и да го усогласиме програмот за исхрана и тренинг. И по 30-40 минути си замина. Од тоа одредени медиуми направија тема, дека сум работел, дека се вежбало и слично, без да ме прашаат за вистината која сега ја пишувам.

Мојот телефон и секогаш јас како човек сум бил отворен за соработка и тоа го знае секој кој ме познава, така и ќе продолжам. А тие кои неосновано пишуваа за мојата теретана очекувам да објават јавно извинување, во мера и обем како претходно објавената невистина. А до сите останати, а вклучително и профа, по пандемијата, се гледаме на тренинг. Поздрав!”

Претходна статијаОва е лоша навика поради која го зголемувате ризикот да ,,закачите” Корона
Следна статија,,Морав ова да го постирам, зашто многумина навистина ме реметат со теории на заговор”