Епа браво за ова – Авицена ќе прави бесплатни тестирања за Корона на граѓаните

0

Нашиот познат епидемиолог проф. д-р Драган Даниловски, преку медиумите обзнани дека поднел барање до властите да се набават 400 000 брзи тестови, со кои за десетина минути се определува нивото на IGM антитела, кои први се јавуваат во 9-тиот ден по инфекцијата, па само тие што ќе имаат покачено ниво на IGM потоа да бидат тестирани со тестови за вирусот.

Тие се инстант-тестови, а тестираните дури и од автомобил не мора да излегуваат додека да се направат и да се добијат резултатите. Имаат 86% сензитивност и 100% специфичност“.

– Нешто што мора паралелно да се прави и што СЗО постојано го препорачува е: тестирање, тестирање, тестирање… Така, во Јужна Кореја успеаја да имаат дневно само по 50–60 заболени.

Но, тие имаат направено досега околу 300 000 тестови, кои имаат откриено еден куп „метастази“, невидливи кластери на асимптоматски случаи, кои ги локализираа апсолутно промптно и ефикасно, така што не дозволија бројот да ескалира. Ние не можеме повеќе да се потпреме само на изолацијата од 14 дена, без тестирање, ако не се јават симптоми. Буквално на сите изолирани што биле во домашна изолација мора да им се направи тестирање – вели д-р Даниловски.

Во интерес на заштита на јавното здравје, Авицена Лабораторија, како лабораторија која целосно ги исполнува сите светски норми и стандарди за овој тип на тестирање, се вклучува во постапката на изработување на 5.000 високосензитивни Real Time-PCR тестови за корона вирус (Kовид-19).

Ова е заедники проект на Авицена Лабораторија, Министерство за здравство и Здравствен дом Скопје. Од средината на оваа седмица, ќе биде ставен во функција пунктот за земање примероци во склоп на Здравствен дом на Скопје – Поликлиника Идадија (Млин Балкан).

Сите примероци земени од овој пункт ќе бидеат изработени во Авицена Лабораторија, целосно не нејзин трошок. Како и за другите пунктови, пациентите ќе бидат примени исклучиво по претходно закажан термин преку матичниот лекар и системот Мој термин.

„Овој тип на помош и поддршка е наменета со цел побрзо и поуспешно да се справиме со новонастанатата ситуација, да му помогнеме на нашиот здравствен систем, на сите пациенти и на целокупната заедница во која припаѓаме. И во вонредни услови каква што е моменталната ситуација со Ковид-19, грижата за нашето здравје и здравствената грижа за нашите клиенти продолжува.

Здравствената дејност во која припаѓаме ние како установа, не обврзува и морално, да пружаме здравствени услуги секојдневно, да си помагаме меѓусебно и да го заштитиме здравјето на сите граѓани.

Во меѓувреме, сите заедно да ги почитуваме мерките од надлежните институции, да бидеме одговорни, да се грижиме за сопственото здравје и за здравјето на другите“, се вели во објавата на Авицена Лабораторија.

Претходна статијаПортугалскиот премиер им кажа отворено на граѓаните: Ова може да трае со месеци
Следна статијаДоктор Ивана: Што да правите ако имате температура од 37,5 и ве гребе грлото