Каракамишева: Јас сум загрижена, Заев предложи сталинистичка урамниловка

0

Статус на Тања Каракамишева: ,,Не знам за вас ама јас сум сериозно загрижена со предлог мерките на Заев кои најверојатно ќе бидат прифатени од владата.

На сите вработени во јавниот сектор без разлика дали се судии, наставници, службеници, итн. освен на докторите, полицијата и армијата, ќе им се спушти платата на минимум во износ од 14.500 денари без разлика на работен стаж, работно искуство, ниво на образование, итн.

Со Сталинистичка урамниловка во следните два месеца Заев предлага сите да примаме минимална плата од 14.500 денари.

Во меѓувреме, кога го соопштува ова, никаде го нема него или некој од владата да и објасни на јавноста каде отидоа 3.6 милијарди од буџетот на државата, и второ, каде и како ќе ги трошат дополнителните 600 милиони евра што се спремаат да ги земат во форма на заем.

Се работи за вкупно 4 МИЛИЈАРДИ И 200 МИЛИОНИ ЕВРА пари за кои никој не кажува со КОНКРЕТЕН ПЛАН И КОНКРЕТНИ НАМЕНИ каде и како ќе се трошат или како се потрошиле парите.

Одговор на овие прашања треба да бараме СИТЕ, не само јас. ФРАПАНТНА Е СУМАТА, КАДЕ СЕ 4 МИЛИЈАРДИ И 200 МИЛИОНИ ЕВРА? ИМА ЛИ НЕКОЈ НОРМАЛЕН ДА ОБЈАСНИ???”

Претходна статијаФилипче откри кој поранешен министер од ВМРО-ДПМНЕ му е главен советник во оваа криза
Следна статијаФилипче со детали како била третирана првата жртва од Корона во Македонија