Филипче откри кој поранешен министер од ВМРО-ДПМНЕ му е главен советник во оваа криза

0

Во рамките на Комисијата за заразни болести има експерти и луѓе кои со години работат таму и за кои не знам каква им е политичката определба, рече министерот за здравство Венко Филипче, во гостувањето во емисијата „Детектор“, откако му беше поставено прашањето зошто опозициската ВМРО-ДПМНЕ го обвинува дека одбива да го користи знаењето на лекарите блиски до оваа партија.

– Мораме да го надминеме ова прашање за добивање политички поени, особено кога се работи за ваква работа, а тоа е јавното здравје. Секојдневно сме во комуникација и совети добивам од еден поранешен министер за здравство од ВМРО-ДПМНЕ, кој има експертиза од областа на епидемиологијата.

Тоа ние го користиме за сосема соодветна комуникација, за размена на искуства и совети. Нема тука поделба на ниту еден доктор по политичка основа – истакна Филипче.

Порталот Плусинфо побрза со заклучок дека поранешниот министер за здравство е Никола Тодоров, но Филипче тоа го демантираше и откри со кого се советува:

-Тоа е поранешмниот министер од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, професорот д-р Драган Даниловски, кој е еден од најистакнатите епидемиолози и стручњаци во оваа област кај нас, рече Филипче.

Плусинфо му се извини:

ИЗВИНУВАЊЕ ДО Г-Н ФИЛИПЧЕ: Поранешниот министер од ВМРО-ДПМНЕ со кого се консултира не е Никола Тодоров, туку Драган Даниловски. Му се извинуваме на д-р Филипче за грубата, но ненамерна грешка. Секако, извинување и до Тодоров и до Даниловски.

Инаку Проф. д-р Драган Даниловски беше министер за здравство од 1999 до 2002 година, во владата на Премиерот Љубчо Георгиевски. Тој важи за еден од најценетите стручњаци во областа на Епидемиологијата, не само кај нас, туку и во европски и светски рамки.

Претходна статијаПрвиот човек на третиот најголем град во нашата држава бара полицискиот час да почнува многу порано
Следна статијаКаракамишева: Јас сум загрижена, Заев предложи сталинистичка урамниловка