Дарко од Влае: Дали се нормални пензионериве – јас сите би ги ставил во карантин

0

Сеуште и покрај зголемувањето на бројот на заразени со Корона, голем дел од граѓаните не ја сфаќаат ситуацијата сериозно.

Се шетаат, ги полнат маркетите за да обезбедат што поголем број артикли во залиха и на тој начин, се ставаат во ризик не само себе, туку и своите најблиски.

Најпогодена категорија возрасни со овој вирус се постарите, над 70 години. Интересно е што во Македонија, токму тие ги прават и најголемите ,,гужви” по маркетите и аптеките.

Статусот подолу на Дарко Богоески од Скопје, го докажува токму тоа:

,,Мое лично искуство морам да споделам…. Одам до КАМ ај да видам нешто да зеам и јас… По пат цело Порта Влае полно со пензионери, се сончаат надвор, се крстам по пат дали е можно ова.

Доаѓам пред КАМ ред пред врата од 20 луѓе шо чекаме да влеземе, од тие 17 пензионери. Редарот ги моли да направат растојание на метар, они се залепија за излогот ко деца по играчки да гледаат !

Па дали сте бре НОРМАЛНИ !!! Ве молат да не излегувате надвор, и после децава ни се криви. Јас сум запрепастен, повозрасниве односно пензионериве се однесуваат бетер од деца.

Јас сите на купче би ве ставил во карантин колку и да сте. Па секаде ве молат да не искачате, дека најранлива категорија се над 60 години и хронично болните, а вие упорно си шетате и мува не ве лази.

Приберете се дома пред да биде доцна, сите имате деца, внуци, има и телефони на луѓе кои може да испазарат за вас, само за да не искачате.

Да не дочекаме не дај боже, да ве редат како во Италија, бидете разумни!”

Претходна статијаСтрумичанки кои се вратиле од Италија се шетале, па се расправале со полицијата
Следна статијаМакедонците во Малта се пребројуваат и молат да се вратат во нашата држава