Зоран Заев не гледа причина за одложување на изборите. Според него тоа е целта и не е добро да се одложат изборите, туку тие трба да се одржат, а можеби само кампањата ќе биде поинаква.
-Јас лично не гледам на ниту еден начин, ниту која било причина за изборите да се одложуваат. Тоа е целта која сакаме да ја постигнеме и не е добро да се одложат изборите, тие треба да се одржат.
Сите државни ресурси се подготвени, екипирани и парламентот е распуштен, веќе е подготвено се она што е претходна постапка и е завршено. Сега можеби корона висрусот ќе не стави во позиција на некои поинаков вид кампања, секако електронските медиуми се на располагање, интернет можностите се на располагање, видео стримови и така натаму, можеме да ги поставиме и верувам дека ќе допреме до граѓаните.
Важно е граѓаните да знаат за што ќе гласаат, да знаат што ќе бираат и како да изберат. Важно е да ги промовираме сите наши поединци и пратеници, програми, визии и детали околу целата работа за да може да излезат, затоа што важно е граѓаните да излезат.
Успешноста на изборите не е исто дали ќе биде со 45 отсто или со 75 отсто. Така што веруваме дека максимално ќе мотивираме да излезат граѓаните заради тоа што со излезноста на граѓаните и граѓанската должност секако ја исполнуваме, изјави Заев одговорајќи на новинарско прашање по потпишување на договорот за прдизборна коалиција.
Целта, според него, е токму тоа и на лидерската средба од премиерот Оливер Спасовски најавена за утре во Владата.
-Навистина ги следиме трендовите дури од жариштата од каде што почна од Кина. Работите се смируваат. Веруваме дека и кај нас ќе се смируваат, но до тогаш сите сме должни без разлика дали сме политички лидери на победничка коалиција да ги послушаме државните органи.
Целта на повикот е препораката од Министерството за здравство и премиерот Спасовски не повикува лидерите на поголемите политички партии за да разговараме околу моделите на водење на кампањата.
Веројатно да ни укаже на нас лидерите, а да пренесеме и на коалициските партнери каков вид кампања е дозволива и што е препорачливо како да се придржуваме до сите задолженија, како и оние препораки што се од страна на државните институции за да можеме да го исполниме тоа што граѓаните од нас го очекуваат, да ги промовираме нашите програми, нашите кандидати, визии и слично, а притоа да се испочитуваат сите задолженија и препораки од државните институции, тоа е целта, посочи Заев.
Извор: Макпрес