Нејзин фан и укажа на Каракамишева дека и таа била во Италија – му одговори да не биде глуп

0

Светот се соочува со можеби најголемиот предизвик од неговото постоење. Заразата која почна од Кина, никако да стивне, напротив, добива на интензитет со секој нов ден. Вирусот веќе е присутен на сите континенти и во скоро сите земји.

Во Европа, најзагрозена е Италија, каде само во последните 24 часа се јавува за стотина нови жртви.

Државата Њујорк, во Соединетите Американски држави од вчера прогласи вонредна состојба, а денес гувернерот најави дека и војската ќе биде ангажарина, пред сè во давање помош во храна и медицински средства, на оние на кои им е тоа потребно.

Македонија не остана имуна на овој тренд. Кај нас се потврдени седум случаи, но настанот од вчера како да го вклучи алармот дека ситуацијата е пресзериозна.

Имено, наша позната докторка која била на скијање во Италија, се вратила во земјата и наместо да постапи по препораките и да се изолира, таа почнала да оди на работа, па дури викендов била и предавач на семинар.

Тестот покажал дека таа е позитивна на Коронавирус. Поради тоа, клиниката за кожни болести каде дотичната е директор е затворена, а сите кои имале било каков контакт со неа се во изолација.

Сега многумина даваат памет како и што треба да се направи, а владата и министерот за здравство Филипче, апелираат да се следат само официјалните препораки од неговото министерство.

Една од оние ,,фејс” професорки, која се разбира буквално во сите теми од општественото живеење, политика, образование, па еве гледаме и во медицина, е професорката на правниот факултет Тања Каракамишева.

Таа на својот профил на социјалните мрежи, бара владата да спроведе мерки, кои мисли дека треба да се спроведат, иако не е медицинско лице, а патем и посвети статус и на докторката, директорка на кожна клиника:

,,Колку треба да си неодговорен и несовесен не само како доктор, туку како човек, да дојдеш од епидемиски загрозена држава и да не се ставиш во домашна изолација?

Колку НЕЧОВЕК треба да бидеш да ги изложиш на опасност сите што работат и живеат со тебе? Ништо не те пере директорке! Кривична одговорност мора да има!”.

Но на овој нејзин статус, во коментар еден нејзин фан и пиша дека и таа неодамна била во Италија!

,,Па и ти беше во Италија, баш во делот кој е во “изолација”!”

-Дај бе не изигравајте толку наивни! Да, кога бев, на почетокот на ДЕКЕМВРИ, 2019г…дајте бе луѓе не бидете ГЛУПИ!, му одговори Каракамишева.

Симе Колоски не остана должен, впрочем и даде логичен одговор, дека вирусот не е почнат од вчера:

,,Тања Каракамишева а според тебе ова вчера излезе? Фала за ГЛУПИ, ама глупи се оние што не размислуваат со своја глава! Капираш?”

Што да се додаде на ова, освен дека Тања Каракамишева е професорка на правниот факултет, која си дозволува да дели навреди на социјалните мрежи.

Претходна статијаНа 21 година го напуштила факултетот, па изградила милионски бизнис
Следна статијаПознато е кој ќе му биде противник на Заев во ,,четворката” на предвремените избори