Синоќа јавноста беше сведок на еден приземен и низок дуел, на двајца ,,интелектуалци”, кои не си дадоа еден на друг право на реплика, си упаѓаа во збор, се навредуваа, фалеше уште само да се испотепаат во емисија.
Тие и двајцата планираат да настапуваат на следните избори и чудно е зошто не ја искористија шансата која им беше дадена да се претстават пред граѓаните во најдобро светло, туку го покажаа своето би се рекло дно.
Како и да е, денес, едниот од соговорниците, Петар Богојески, на својот профил на социјалните мрежи, бара Апасиев да му одговори на прашања, на кои синоќа не му одговорил:
,,Краен заклучок е дека многу прашања останаа неодговорени! Мои прашања до господин Апасиев:
Дали Апасиев соработувал со мафијата и што добивал како награда, за да влезе во СЈО и од внатре да го сруши?!?
Со што го заработил огромниот паушал од СЈО од илјадници евра, кои криминалци ги казнија?! Што било предмет на соработка со Катица Јанева и дали е директен учесник во Рекет?
Дали прифаќа проверка на потекло на имот, пред да се поднесуваат кандидатури за пратеници? Дали ја напушти ВМРО ДПМНЕ зашто не стана претседател на ОК на УМС Велес и не доби вработување?
Дали Груевски го вработи покасно како асистент, како компензација за местото кое не му го даде на него на УКИМ, по предлог на Гордана Силјановска?
Зошто прифаќа пари од олигарси за неговите “левичарски” активности? Дали потписи за пререгистрација на Левица им собра ВМРО ДПМНЕ? Дали Северна Кореја е алтернатива за ЕУ и НАТО?!?
Кој му е ставот за окупацијата на Украина од страна на Русија и војната во Сирија Дали воопшто некогаш предложил барем едно решение за еден проблем или дели само навреди и понижувања?
Што направил во животот барем за еден работник? Зошто ги лаже граѓаните дека ќе го поништи Преспански договор? Зошто користи најнизок речник, а се претставува како професор?!?
Зошто не ги прочита сите инструкции од мермерната палата, ставени во тефтерчето на маса?”