Новинарите во нашата држава веќе одамна се поделени на табори, кои ја застапуваат едната или другата политичка опција, од двете најголеми партии. Можеби новинарите треба да бидат објективни и единствено да известуваат, но тоа не е така никаде во светот.
Новинарите си ја доделуваат и улогата на коментатори, па го кажуваат своето мислење околу актуелните политички настани.
Па така, новинарката Јорданка Ивановска Јоци последните месец дена отворено пишува против ВМРО-ДПМНЕ и јасно става на знаење дека таа од млада е симпатизер на СДСМ, како и тоа дека во некои минати времиња била и дел од некакви структури на таа партија.
Драган Павловиќ Латас исто така силно ги критикува политиките на СДСМ. Тој последните години се повлече од уредничкото место во Сител телевизија и се посвети на борба со институциите, бидејќи од страна на СЈО беше обвинет во некои предмети.
Миленко Неделковски ги критикува и едните и другите, но сепак, впечатокот е дека и неговите симпатии се на страна на десницата. Иако, во последно време се почесто може да се забележи во друштво на Јанко Бачев, лидерот на Единствена Македонија.
Познатата новинарка Ирена Радовановиќ, исто така ги искажува своите ставови, секојдневно, на социјалните мрежи. Таа ја фаворизира десницата. Нејзин заклучок во предизборието е дека не треба да се гласа за малите партии, бидејќи тие свесно или несвесно одработуваат за Зоран Заев.
Еве го нејзиниот статус:
,,Да гласаш за Бојкотирам, Интегра, Родина модина е исто ко да си гласал за Заев и федерализација на Македонија…Тие партиички ништо нема да направат на избори оти за еден пратеник да биде избран, според пропорционалниот модел, потребни се околу 10.000 гласови…
Овие партии или свесно или несвесно работаат за Заев…Нивните фантазии за некаков успех на избори, можат да ја чинат државата нејзино докрајчување…Треба секој кој барем малку и мисли добро на Македонија да гласа за ВМРО ДПМНЕ, единствена македонска партија во моментов…
Секој глас е битен, да не се расфрлаат гласовите туку обединети сите против Заев и неговите планови за федерализација…”