Пред малку се огласи Љубчо Георгиевски – му порача на Влатко Ѓорчев дека ќе го тужи

0

Членот на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен пратеник во неколкуи парламентарни состави, Влатко Ѓорчев, денес одржа прес конференција на која зборуваше за демографската структура во државата:

,,Во Македонија се случува до сега невидена, огромна демографска катастрофа. Жално и тажно е она што се случува на Македонија со иселувањето, со депопулацијата, со овие катастрофални демографски движења.

Во 2019 година се случија три најкатастрофални работи во историјата на македонската демографија. Прво , откако постојат бројки и статистики во Македонија за прв пат мината година имаме повеќе умрени отколку родени.

Македонија официјално е во демографска рецесија, Македонија исчезнува и Македонија умира. Тоа е „животот“ којшто го донесе Зоран Заев и неговата пустош. Во 2019 година според прелиминарните податоци во Македонија има: 19.725 родени и 20.407 ум рени лица.

Што значи дека бројот на умр ени е за 682 поголем од бројот на родени лица. Тој е 3,5 фрапантни проценти поголем од бројот на родени деца.

И покрај тоа што Македонија биолошки ум ира има ситуација каде што за прв пат во историјата бројот на родени деца е под 20.000, секогаш сме имале повеќе од 20.000 родени бебиња, но со ова иселување коешто го донесе Зоран Заев со катастрофалните политики на Мила Царовска и овој егзодус којшто и се случува од Македонија и со оваа неспособност со корупцијата која ја приредува Заев и неговите министри.

Во 2016 година Македонија податоците се следниве: 23.063 родени деца и 20.315 ум рени лица. Што значи дека бројот на родени деца бил поголем за 2.748.

Во груби бројки сега имаме пад од 23 000 родени деца, на 19 700 родени деца. Тоа не е мал пад, тоа е огромен пад. Во 2016 година Македонија имала 2. 700 жители повеќе, сега има 700 помалку. Ова се жални и тажни бројки кога ги гледа човек или пак ако видите чисто само споредба 2018 со 2019 година демографската рецесија е фрапантни 9%, пад од 21.666 родени бебиња на 19.725 бебиња. Во текот на три години на мандатот на Зоран Заев демографската рецесија од рекордни 15% и навистина загрижувачка.

Македонија се наоѓа во невидена демографска рецесија, непозната од историјата на Македонија. Никогаш не била полоша, за прв пат во историјата на Македонија имаме повеќе ум ре ни одошто родени за 3.5%. Никогаш во Македонија немало помалку родени бебиња и никогаш немало под 20.000 родени бебиња.

Само во една година имаме изгубено 100 паралелки со падот на бројот на родени деца. Ова се ужасни бројки, ова е огромна демографска рецесија и за ова Зоран Заев, Мила Царовска, Венко Филипче и сите останати имаат историска одговорност.”

На оваа прес конференција, во статус на социјалните мрежи реагираше поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски, кој во изминатите петнаесет години постојано укажуваше на ова што сега се случува со демографската структура во Македонија.

Сега, како што вели тој, ќе го тужи Влатко Ѓорчев, бидејќи говори нешто што Георгиевски си го смета за свое авторско дело:

,,Гледам како Влатко Ѓорчев без проблем ми ја презема темата на катастрофалната македонска демографска слика што ја отворив како тема во времето на владеењто на Груевски. Ке морам да го тужам за авторски права ако не ја копира во целост.

Да го потсетам, јас ја кажував и националната и верската структура на родените. Гледам тој како поголем патриот го крие тој податок.”, напиша Љубчо Георгиевски.

Претходна статијаДамјанова се врати од Милано и се покаја: Открива низ се што поминала
Следна статија(ВИДЕО) Новак Ѓоковиќ доаѓа во Македонија: Откри што му кажале неговите родители за нашата држава